Ова момче собира фотографии од виршли во тесто од цела Русија (!?)

1iquid27
Николај Позин (32) патува низ Русија и собира колекција од фотографии од виршли во тесто. Од него дознавме зошто и какви се резултатите од таа работа.

Советскиот лидер Никита Хрушчов за прв пат проба хот-дог во 1960-тите, за време на посетата на фабрика за преработка на месо во САД. Виршлата во кифла толку многу го воодушеви што нареди хот-догот да биде вклучен во советските менија. Така, според легендата, во СССР се роди... не, не хот-дог, туку виршла во тесто (оригинален германски изум, познат и како würstchen im schlafrock - виршла во шлафрок).

Виршлата испечена во тесто во советско време спаѓаше меѓу најпопуларната улична храна и ужинка во училишните и студентските мензи. Денес веќе не е толку популарна, но има свои обожаватели. 32-годишниот инженер Николај Позин од Чељабинск оди на службени патувања низ Русија и во исто време бара виршли во тесто кои ги фотографира и, се разбира, ги дегустира.

Чељабинск бр.1

Чељабинск бр.2

Владивосток

Идејата за вакво необично хоби му се појавила пред три години. „Ветив дека ќе направам страница на „Инстаграм“, но ми беше здодевно да објавувам свои фотографии. Се сетив дека уште од детство ги сакам виршлите во тесто и една фотографирав кога бев во Уфа“, објаснува Николај. - А бидејќи посетувам разни градови поради работата, решив како потсетник на тие места да го фотографирам токму она што го сакам“.

Алдан

Тјумен

Серов

Казан

Николај признава дека не се труди да го споредува нивниот вкус. „Тоа е пред сé потсетување на местото каде што сум бил“. А највкусна храна за него се легендарните виршли на стапчиња: „Се продаваа кај Ледената сала во киосци, кога одев таму со моите родители. Сега изгледа ги нарекуваат корн-дог.“

Санкт Петербург бр. 1

Санкт Петербург бр. 2

Јакутск бр. 1

Јакутск бр. 2 

Николај вели дека уште не наишол на неуспешни виршли во тесто. „Никогаш не сум купил виршла која не сум имал намера да ја изедам или не сум ја изел. Со оглед на тоа дека до ден-денес сум жив и здрав, може да се заклучи дека не ми се паднале неуспешни“, вели тој и смеејќи се додава дека „кога тестото не се одвојува од виршлата, сé е веќе одлично“.

Пикалево

Краснодар

Чељабинск бр. 3 

Чељабинск бр. 4

Денес во својата колекција има околу 20 фотографии на виршли во тесто од разни градови. „Се разбира, можеше да има и повеќе, но честопати не е лесно да се најдат. Шаурмата сега е многу почеста и подостапна брза храна. На пример, сосема случајно ја најдов во Владивосток, кога купував разни кинески колачиња, додека целното пребарување не даде резултати“, вели тој.

Недалеку од компресорската станица „Портовој“, Виборг

200 км од Југорск, менза 

Нижни Тагил 

Екатеринбург 

Кога луѓето дознаваат за неговото хоби, обично ќе се насмеат, што го радува Николај. „Еднаш бев во една менза и ја фотографирав виршлата во тесто што ја купив. Пекарите го забележаа тоа и помислија дека имам некоја лоша намера (според нив, шевовите на тестото биле расцветани и виршлата не изгледала најдобро, но тоа не ми беше важно)“. Тогаш им ја покажал својата колекција фотографии, а тие му возвратиле со тоа што му предложиле да направат специјална виршла во тесто пред да си замине. „Се разбира, се согласив и подоцна добив уникатна виршла во тесто. Тоа беше единствениот пат кога хобито ми донесе нешто материјално (и многу вкусно).“

Нимнирски, пред Николај да им каже на пекарите за своето хоби 

Нимнирски, подарок од пекарите

Од сите виршли во тесто што ги пробал, вели Николај, омилена му е таа што ја изел во Виборг: „За мене таа беше најромантична.“

Виборг 

Сега го очекува патување во Набережние Челни. Вели дека тамошните виршли во тесто имаат одлични препораки.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња