Ова Русинка-фотограф на своите снимки доловува сцени од бајките

Margarita Kareva
Маргарита Карева ги исполнува своите работи со атмосфера мистериозна и како од бајките.

Маргарита Карева е фотограф од Екатеринбург. Таа ја користи својата специфична техника за да креира фотографии со посебна атмосфера како од бајките.

Фотографот комбинира извонредни декорации со препознатлива фотошоп-обработка која се потпира на употребата на светла палета на бои со додавање на мистични елементи кои доловуваат светови од бајките.

На нејзините снимки често покрај моделите се појавуваат животни, птици и цвеќиња, како и мистични локации, на пример, густи шуми и мрачни езера.

„Едноставно ми се допаѓа фантастиката. Не ги сакам баш реалните фотографии. Мислам дека и онака интернетот е преполн со нив, па се обидувам на моите работи да им додадам нешто магично и исфантазирано. Инаку би ми било здодевно само да фотографирам и да ги обработувам фотографиите... а здодевноста е мојот најголем непријател“, вели Карева.

Иако повеќето фотографии ги прави со женски модели, понекогаш прикажува и мажи. На пример, случајна средба на Бали во Индонезија резултираше со оваа мала серија фотографии.

Маргарита сосема случајно започнала да се занимава со фотографија, кога како роденденски подарок го добила својот прв SLR фотоапарат. За неколку години разви специфичен препознатлив стил и стекна бројни обожаватели.

На онлајн мрежата на фотографи 500PX таа моментално има над 56000 следбеници, како и 54000 следбеници на руската социјална мрежа VK и 571000 следбеници на „Инстаграм“.

Карева се развива и како едукатор, интензивно промовирајќи ги своите мастеркласови и вебинари на кои што им помага на почетниците да ги подобрат своите вештини и да ги зголемат приходите.

На нејзината страница на 500PX наведува дека е отворена за соработка ширум светот. Имено, таа е подготвена бесплатно да направи снимање, доколку клиентот ги покрие трошоците за патување до локацијата. Се разбира, само доколку понудената идеја е инспиративна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња