Виолета има широк спектар на интереси. Таа е професионален музичар (пијанистка), пејачка, се занимавала со лесна атлетика, скијање и стрелаштво. Својата иднина ја гледа во државната администрација и затоа посетува стручна школа од тој профил.
Оваа девојка штотуку заврши средна школа и планира да се занимава со новинарство. А со професионално манекенство се занимава веќе подолго време. Минатата година Ана официјално беше прогласена за најубава девојка во Ростов на Дон. Сака да чита и учи странски јазици. А неодамна организираше и своја хуманитарна акција за деца со посебни потреби.
Ана е професионален модел. Работи за агенции од Кина, Јапонија, Кореја, Виетнам, Индонезија и Малезија. Има уметнички афинитети, особено е заинтересирана за индустријата на високата мода. Денес работи на сопствен бренд женска облека и веќе ја претстави летната колекција.
Марија штотуку заврши средна школа, а веќе има искуство со работа во странство во областа на манекенството. Се смета себеси за високо мотивирана и ја сака уметноста, особено литературата, филмот и театарот. Покрај тоа, свири гитара.
Анастасија само однадвор изгледа кревко. Всушност, таа веќе пет години се занимава со армиско борење и веќе има неколку златни медали во својата колекција. Родена е на Урал и професионално се занимава со моделинг. Моментално студира психологија и педагогија на локалниот универзитет.
Оваа девојка од големо семејство сака да позира пред камери и да соработува со модни агенции уште од својата осма година. Во слободното време најмногу се занимава со јога и пливање, што ѝ помага да се опушти по напорниот работен ден.
Оваа девојка вели дека не привлекува внимание на себе само со својот изглед. Оља студира економска безбедност, има остар ум и знае што значи да се совладуваат пречки во животот.
Оваа девојка студира за архитект и веќе развива мал бизнис: студио за убавина за надградба на трепки. Во иднина сака да отвори свое студио за убавина во странство. А засега во слободното време се занимава со веслање на даска, танцување во стил high heels и манекенство.
Акулина е поранешна професионална гимнастичарка и затоа ретко која девојка може да се мери со неа по флексибилност. На фотосесиите често покажува шпага и акробатски елементи. Според неа, освен акробатика, сака да чита и да готви.
За Ана ова не е прв натпревар во убавина. Таа неодамна стана Мис Казан. Студира за професор по англиски јазик, а паралелно се занимава со маркетинг на социјалните мрежи. Моментално професионално се усовршува на тоа поле.
Освен што се занимава со манекенство, Ана се школува за програмер на мултимедијални апликации, игра кошарка и волонтира во центри за помош на животни. Во 2020 година ја освои титулата Мис Чебоксари, а во 2022 година Мис Чувашија.
Валерија студира на престижен факултет во Москва, на Вишата школа за економија, а ја интересираат екологијата, „зелените“ технологии и борбата за родова еднаквост.
Оваа девојка добива покани не само за фотосесии и креативни проекти, туку и за научни конференции. Валерија веќе студира втор факултет. Во џеб има диплома од Факултетот за меѓународни односи на Санктпетербуршкиот државен економски универзитет, а во моментов се занимава со организација на едукативни настани.
Диана е стручњак во сферата на рекламата и односи со јавноста. Сака креативни активности и веќе има завршено ликовно училиште. Диана сака да го пропатува целиот свет, како и да создаде свој моден бренд.
Оваа девојка со занесна насмевка е навикната да ги постигнува поставените цели. Има натпреварувачка класа во пливање и сертификат со најдобар успех од уметничко училиште, како и бројни победи на избори за мис. Не сака да гради кариера само во манекенството. Затоа студира економска безбедност.
Својата прва титула Јана ја доби на 8 години, кога стана Мис шарм 2010. Навистина не ѝ недостига шарм, ниту пак креативност. Јана знае да пее, се занимава со танц и глума. По 8 години уметничко училиште, таа одлучи да се запише на Челјабинскиот институт за култура.
На 21-годишна возраст Ана е веќе дипломиран организатор на настани и шминкерка. Таа е љубител на хокеј, дури и водителка на популарна забавна емисија за хокеј.
Вероника знае сè за хотелите, бидејќи дипломирала на факултет за туризам, насока хотелиерство и сонува да отвори свој хотел. Има и музичко образование, насока пијано.
Подеднакво ги сака науката и убавината. Таа студира технологии за биоинженеринг и истовремено работи како стилист во салон за убавина. Во иднина планира да ги спои своите две главни страсти и да основа сопствено претпријатие за производство на козметика.
Студира лингвистика (деловен јазик) и планира да се специјализира во сферата на интеркултурната комуникација. Но, засега е успешна на полето на избори за мис. Во 2020 година беше избрана за најубава девојка на руското Приморје.
Сонува за куќа на брегот на морето и затоа уште сега работи на тоа. Студира основи на рекламирањето и маркетингот на универзитет и развива брендови. Со манекенство се занимава од тринаесетгодишна возраст.
Поседува одговорност на цариник и енергија на диџеј. Студира на царинската академија и истовремено работи како диџеј. Смета дека таа комбинација ѝ дава сила.
„Мис Казан - 2021“ слика со техника масло на платно, учи германски и од неодамна се занимава со јавање. Сонува да отвори свој ресторан во кој ќе служи кафе и колачи и кој ќе го украси со свои слики.
Студентка на Рускиот економски универзитет „Плеханов“, сака активен одмор и активен начин на живот. Се занимава со бокс, скијање, голф и планинарење. Покрај тоа, добро готви и свири на пијано.
Наталија е веќе успешна манекенка и носителка на титулата „Мис Твер – 2021“. Затоа предава во училиште за моделинг и ги учи девојките како да позираат пред камера. Во слободно време се занимава со фотографија, шах и вејкбординг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче