Ова го објави прес-службата на националниот парк „Курски провлак“. Инспекторите на националниот парк рано утрото на 30 јуни недалеку од литванската граница, кој поминува отприлика по средината на провлакот, го здогледаа ова животно од родот на перконогите.
Според процената на стручњаците, се работи за возрасна единка, но не стара, судејќи според бивните. Тој се одмара на песокот и изгледа по малку слабо. Што и не е необично, ако си претставиме колкав пат овој морж морал да пројде. Инаку, овие животни обично живеат на Крајниот Север.
Како овој голем морски цицач стигнал до Курскиот провлак, можеме само да претпоставуваме. Неодамна полските медиуми пишуваа дека е забележан морж во морето недалеку од Шчечин, а претходно германските медиуми објавија дека е забележан морж на подрачјето на островот Риген. Можеби се работи за истото животно кое сега одмара на провлакот.
Од Националниот парк истакнуваат дека ова е првпат ова животно да се појави во тие краишта. Директорот на националниот парк „Курски провлак“ Анатолиј Калина им даде задача на стручњаците да го прегледаат моржот и информациите за него да ги проследат до Атлантското одделение на Институтот за океанологија „Ширшов“ на Руската академија на науките.
Државните инспектори го оградија моржот со столбови и ленти за да не му се приближуваат луѓе. Националниот парк повикува волонтери да се приклучат во чувањето на моржот од љубопитните туристи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче