Трамваите се појавиле во Москва во 1872 година и сé до 1911 година биле влечени со коњи. 150 години подоцна, на 4 јуни 2022 година, овој ретро трамвај со коњи ја предводеше парадата на ретро возила во Москва.
На оваа слика можете да го видите вториот трамвај по старост, таканаречениот модел Ф („фонарни“ односно „фенерски“ трамвај) кој болшевиците го пуштија во сообраќај на Булеварскиот прстен (непрекината низа булевари во центарот на градот).
Ова е трамвајот Ф во совршена функција заедно со симпатична дама зад командите.
Московјаните направија безброј фотографии на овој настан, а најсреќните меѓу нив успеаја и да се повозат.
Внатрешноста и надворешноста на ретро возилата многу се разликуваат од современите модели.
Ова е уште еден легендарен трамвај наречен KTM-1. Се произведуваше во Уст-Катавскиот институт за производство на вагони во Челјабинската област од 1947 до 1961 година.
КТМ-1 никогаш не беше користен во Москва, но беше широко распространет во другите региони на Советскиот Сојуз. Во овој на сликата сега има подвижна музејска изложба. Тој е еден од ретките трамваи од овој тип.
А ова е РВЗ-6, основниот модел, кој масовно се произведуваше во 1960-тите во фабриката во Рига. Трамваите од овој тип се користеа во многу советски републики.
Парадата на трамваите се движеше по една од најстарите московски траси – од Новокузнецката метро-станица преку мостот на реката Москва до реонот Чистие Пруди. На колоната ѝ се приклучија и ексклузивните олдајмери.
Раритети на паради беа возилата од Музејот на Гаражата за посебни намени. На пример, лимузината ЗИЛ-41047 на оваа слика.
ЗИЛ (Заводот за автомобили „Лихачов“) произведуваше камиони и автобуси, како и луксузни автомобили за советските функционери.
Уште едно ексклузивно возило беше минибусот од „висока класа“ ЗИЛ-118К, популарно наречен „Јуност“ (Младост).
Минибусот „Јуност“ никогаш не влезе во сериско производство. Меѓутоа, ова комфорно возило беше вистински хит на меѓународна изложба, а Хенри Форд II дури сакаше и да ја откупи лиценцата за негово производство во САД (но Советите ја одбија понудата).
Уште едно луксузно возило беше ГАЗ-13 „Чајка“ (Галеб) на Горковскиот автомобилски завод (ГАЗ).
Најпознати модели на парадата беа примероци од моделот Москвич-402, автомобилот кој масовно се произведуваше 1956-58...
…и „Запорожец“ или ЗАЗ-965, малиот автомобил на Запорошкиот автомобилски завод,....
…како и ГАЗ-21, кој овде можете да го видите во светло тиркизна боја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче