„Другар (товарищ), верувај: таа ќе изгрее, ѕвездата на неверојатната среќа“. Во овие стихови од песната „На Чаадаев“ од Александар Пушкин веројатно првпат е употребен зборот „товарищ“ (кој е всушност руски збор за „другар“) во руската поезија и тоа со значење „другар“. Во меѓувреме, на почетокот на XIX век, кога биле напишани овие стихови, зборот „товарищ“ имал поинакво значење.
Од 1802 година во Русија „товарищ“ бил назив за позиција во владата позиција, што во основа значело „заменик“: „министеров товарищ“ значело „заменик-министер“. Во рускиот јазик пред XIX век, „товарищ“ се користел и за дефинирање на деловен партнер кој продава иста стока како и вие, бидејќи „товарищ“ е изведен од зборот „товар“, односно стока.
Во својата „пријателска“ смисла на зборот, „товарищ“ (како „пријател“, а не „деловен соработник“) стана адаптација на зборот „comrade“, широко користен во револуционерните кругови во Франција од 1790-тите. До крајот на XIX век, „товарищ“ на руски станал основната форма на обраќање до социјалистите - тоа подетално ќе го разгледаме во посебна статија.
„Револуционерност“ на зборот „товарищ“ на руски внесува и фактот дека Пушкин го употребил во своја песна. Знаеме дека Пушкин сочувствувал со декабристите, луѓе кои се побуниле против владеењето на Романови. Згора на тоа, Петар Чаадаев, кому му е упатена песната, бил и страстен критичар на владејачкиот режим. Значи, терминот „товарищ“ бил тесно поврзан со духот на револуцијата.
Во советско време „товарищ“ (заедно со „гражданин“ - „граѓанин“) стана вообичаена форма на учтиво обраќање до непознато лице меѓу граѓаните на СССР. По распадот на СССР, оваа форма на обраќање се доведува во врска со советското време и излегува од активна употреба, особено меѓу помладите генерации.
Денес зборот „товарищ“ се користи прилично иронично. Но, сé уште официјално се користи во руските вооружени сили, каде што е задолжителен вид официјално обраќање. Претпоставените и постарите кои им се обраќаат на подредените и помладите по прашањето на службата, ги нарекуваат со воениот чин и презимето („потпоручник Смирнов“) - или само со воениот чин и потоа „товарищ“ се користи пред воениот чин: „другар потпоручник“. Подредените и помладите, кои официјално им се обраќаат на претпоставените и постарите, ги нарекуваат со воениот чин, додавајќи го зборот „товарищ“ пред воениот чин (помладите не смеат да им се обраќаат на претпоставените по презиме). Значи, сè на сè, многу Руси кои служат војска сè уште официјално го користат „товарищ“ на дневна основа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче