Ви ja претставуваме каракетот, најголемата домашна мачка во светот одгледана во Русија

Виталий Белоусов/Sputnik
Иако каракетот, хибрид на степскиот каракалски рис и домашна мачка, се појави сосема случајно, денес спаѓа меѓу едно од најубавите домашни миленичиња, но и меѓу најретките домашни мачки на светот.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Оваа раса на мачки со импресивна големина, со крзно во боја на песок и перчиња на ушите, која оддалеку наликува на прекрасниот, див степски рис - каракалот, е добиена во Русија.

1. Случајна раса

Хибридите на диви и домашни мачки не се реткост. Веројатно сте слушнале за бенгалската мачка (создадена со вкрстување на домашна мачка и азиска леопардеста мачка) или за чаузи (мешавина од абисинска мачка и африканска прашумска мачка). Хибридот на каракал и сервал е познат како каравал. Историјата на каракетот започнува во зоолошката градина во Москва 1998 година, кога домашна мачка влезе во заградениот простор на мажјак каракал и се пареше со него. Мачката донесе на свет маче со перчиња на ушите. Оваа приказна за прв пат е опишана во трудот објавен од И. Кузминич и А. Павлова во германското списание „Зоолошка градина“ под наслов: „Хибрид на каракал и домашна мачка во московската зоолошка градина“ (Vol. 68, No. 4, 1998) На тоа се присети и еден од вработените во зоолошката градина пред неколку години, но понатамошната судбина на мачето не е позната, освен што не остави потомство.

Меѓутоа, појавата на каракетот предизвика голем интерес кај фелинолозите ширум светот.

2. Русија е татковина на каракетот

Во раните 2000-ти, американските фелинолози Џој Гејсинџер и Алисон Наваро се обидоа да добијат каракети со вкрстување на каракал со абисинската мачка, кога и официјално ги призна Меѓународната асоцијација на мачки (TICA). Неколку години подоцна, одгледувачите се откажаа од тие обиди, за во текот на 2010-тите, украинскиот фелинолог Ана Кузмина да успее да добие мачиња од првата генерација каракети. Но, најголемиот успех во одгледувањето на понатамошните генерации на овие мачки го постигнаа руските фелинолози.

Денес, главен одгледувач на каракети е Ирина Назарова од Краснодар во нејзината одгледувачница „Каталеја“. Мачките од одгледувачницата родиле 150 каракети од првата генерација, 50 каракети од втората, 10 од третата и неколку мачиња од четвртата и петтата генерација.

Колку помалку „дива“ крв, толку пократки се перчињата на ушите и помала е мачката. „Каталеја“ има неколку филијали низ Русија, каде што се одгледуваат овие ретки мачки. Во близина на Барнаул (Алтај) има и одгледувачница каде биологот и генетичар Ина Домбровска ги проучува каракетите од првата до третата генерација.

3. Големи и хипоалергенски мачки

Ако мислевте дека најголемата домашна мачка е мејн кун (Maine Coon), фрлете уште еднаш поглед на каракетот. Возрасна мачка тежи 15-25 кг и, кога стои на сите четири нозе, достигнува до половина на човек. Покрај тоа, оваа мачка од каракалот ги наследи широките уши со перчиња, долгите, грациозни шепи и црно-песочната боја на лицето. Каракетот, патем, не предизвикува алергии.

Мачињата се спремни за посвојување од тримесечна возраст - дотогаш веќе се навикнати да користат песок за вршење нужда, и веќе да јадат сирово месо.

4. Чинат колку нов автомобил

Ина Домбровска го купила својот прв каракет за одгледувачницата „Каталеја“ во 2016 година. Како што изјави за локалните медиуми, морала да го продаде својот автомобил, бидејќи мачето чинело еден милион рубли - моментално околу 11,5 илјади евра.

Сега, цената за каракет од третата генерација е околу 100000 рубли (1150 евра), за маче од втората генерација - 350000 рубли (околу 4000 евра) и за маче од првата генерација - 1,2 милиони рубли (речиси 14000 евра). Каракетот е многу сложена раса, кај која само женките се плодни. Главната задача на современите фелинолози е да одгледуваат мажјаци кои ќе можат да создадат потомство. 

5. Мачки со кучешко однесување

Сопствениците на каракети признаваат дека нивните миленици по карактер се многу различни од обичните мачки. „Ита да ме пречека на врата кога ќе се вратам од работа. Оди на поводник. Ме испраќа секое утро, ми легнува на чизмите и со сочувствителен поглед ме моли да не си одам, гласно преде и ми ги лиже нозете. Воопшто не гребе. Друштвен е и сака луѓе“, се дел од коментарите што ги оставија сопствениците.

„Однесувањето апсолутно не е мачешко. Оди со мене на гости, мирно седи во колата, дружељубив е со сите луѓе, на никого не шишти. Кога ќе дојдат гости, им се трие од нозете и преди“, пишува друг сопственик.

Меѓутоа, каракетите имаат една типична мачешка особина - сакаат да се качуваат високо (да ја набљудуваат својата територија одозгора) и обожаваат кутии (а кои мачки не ги сакаат?). Сопствениците треба да им обезбедат висечки мрежи, столбови за гребење, скали и други справи за „активност“ дома.

6. Аристократи се кога е во прашање гастрономијата

Каракетите се големи гурмани. Можат да јадат само свежо месо, а најпогодни им се препелицате. Зајачко и пилешко месо се исто така подобни. Возрасна мачка, најсериозно, јаде речиси еден килограм месо дневно. Но, мачешка храна нема ни да допрат. Не смеат да јадат риба, млечни производи и особено свинско месо. Одгледувачите исто така препорачуваат само филтрирана вода.

7. Сакаат да се капат

Каракетите, како и сите животни, одвреме-навреме се митарат, па затоа треба да се чешлаат. Сакаат и да се капат - не се препорачува капење на мачињата повеќе од еднаш во три месеци, но возрасните мачки можат мирно да влезат в када по секоја прошетка. Да, каракетите уживаат во прошетка!

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња