Гаражи за приватни автомобили на жителите на Пенза, 1975.
Олег Иванов/SputnikПриватна гаража беше нешто за што сонуваа сите мажи во Советскиот Сојуз. Оние среќници на кои им се оствари сонот често го користеа тој простор и за нешто друго, а не само за паркирање на своите автомобили. Од гаражата правеа место каде што ќе можат да се „осамат“, или напротив, да го соберат друштвото.
Старите гаражи на местото на сегашната метро-станица „Владикино“, 1961-1964.
Семејна архива / pastvu.comСопствениците на автомобили во СССР најчесто сами ги поправаа дефектите на своето возило. Беше комплицирано и скапо да се шлепа расипаната кола до специјализирана автомеханичарска продавница, а автомобилите од советско производство редовно се расипуваа, така што сопствениците со текот на времето стекнуваа доволно знаење и вештини сами да ги поправаат најчестите дефекти.
Поради тоа просечната гаража на просечниот советски сопственик на автомобил имаше сè што е потребно за поправка на возилото. На пример, повеќето гаражи имаа канал.
Гаражите се користеа и за складирање на различен автомеханичарски алат. Ако некој ги немаше сите алатки или сите резервни делови, секогаш можеше да го позајми од соседот она што му недостасува. Сопствениците на гаражите со задоволство се одзиваа на молбите да дојдат напомош или да советуваат како најдобро да се реши проблемот.
Старите гаражи на местото на сегашната метро-станица „Владикино“, 1961-1964.
Семејна архива / pastvu.comМажите често се среќаваа во гаражите под изговор дека одат да го поправат автомобилот. Во тоа време луѓето претежно живееја во мали станови каде што немаше доволно личен простор, така што гаражите беа спас за машкиот дел од семејството.
Во „гаражната заедница“ се култивираше дружењето со истомислениците. Честопати луѓето од својата одеа во соседната гаража малку да си помуабетат со нејзиниот сопственик.
Понекогаш дури и ручаа во гаражата, и тогаш обично ја користеа хаубата како импровизирана маса. Менито секогаш беше едноставно: леб, јајца, виршли, кромид, кисели краставички и пиво или вотка.
Со текот на времето тие машки разговори на импровизираните маси придонесоа гаражите да станат едно од најпопуларните „летни одморалишта“ на сопрузите во СССР.
Гаража, Черјомушки 1980.
Архива на Валериј Усманов / Russia in photoСоветскиот обичај беше да се одгледува зеленчук и потоа да се остава зимницата. Многу сопственици на мали викендички надвор од градот предано работеа во градините и успеваа да подготват огромна количина зимница. Сето тоа не беше лесно да се чува во стан, па многумина за таа цел ја користеа гаражата.
И не само зимница, туку и стар мебел, книги, магнетофони и други работи - сето тоа се чуваше во гаражите, бидејќи тие беа најзгодното решение. Советските граѓани немаа обичај да ги фрлаат скршените уреди или старите работи, така што гаражата беше идеален простор за нешто што личеше на приватен склад.
Гаража за приватни автомобили на жителите на Пенза, 1975.
Олег ИвановМногу луѓе кои пораснале во Советскиот Сојуз се сеќаваат на убавите моменти од нивното детство кога си играле на покривот на таква гаража. Никој не би им дозволил на децата да влезат во гаража и да си играат таму, затоа што можат да направат хаос и затоа децата се качуваа на покривите и скокаа од една на друга гаража играјќи си брканица и „војна“.
Возрасните ги караа децата затоа што го поминуваа времето меѓу гаражите. Никој не сакаше неговото дете да се повреди или да скрши нешто, но сите тие карања беа залудни. Штом родителите ќе си отидеа, децата секогаш повторно се качуваа на гаражите.
Овде дознајте што најмногу сакаа да имаат советските граѓани.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче