Како Русите се подготвуваат за сезоната на викендички и градини?

Валериj Матицин/TASS
Во рана пролет, прозорците на зградите во руските градови се преполни со саксии со расад. Русите буквално ги бројат деновите до топлата сезона кога ќе можат да поитаат кон своите викендички односно „дачи“.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

Околу половина од Русите поседуваат викендичка, каде што лете ги поминуваат слободните денови или дури живеат од мај до септември. Љубителите на викендички го поминуваат одморот на свој начин: се занимаваат со уредување на дворот, одгледуваат зеленчук и организираат забави со скара. А многумина од нив однапред се подготвуваат за топлата сезона.

Расад на прозорците

Повеќето сопственици на викендички на своите парцели одгледуваат зеленчук, јагодесто и друго овошје. Некои од нив го прават тоа затоа што овој зеленчук е поздрав од оној што може да се купи во продавница, некои затоа што е поевтин, а за некои просто тоа е задоволство. Одгледувањето термофилни видови во прилично студената руска клима е можно само во текот на краткото лето, а на повеќето растенија им треба повеќе време да се развијат. Затоа луѓето садат семиња дома уште во февруари и март, а потоа ги пресадуваат младите растенија во градината за да вродат со плод пред есен.

Во таквите растенија спаѓаат домати, пиперки, модар патлиџан, зелка, праз. Се сеат во посебни чаши со земја и се чуваат на прозорци каде има повеќе светлина. За тоа Русите обично користат искористен тетрапак од млеко или лушпи од јајца. На ист начин викендашите прават и расад за цвеќе.

„Оваа година одгледувам расад за краставици и гладиоли во лушпи од јајца. Резултатот е одличен, семето никнува 80% ˮ, пишува Наташа на еден форум. Таа препорачува да се користат јајца со темна лушпа, бидејќи се поцврсти.

Снег за почвата 

Друга тајна за добар род е почвата, особено во северните делови на Русија. Многу искусни градинари знаат дека обичниот пепел од печка на дрва е најдоброто природно ѓубриво. Содржи скапоцени минерали: калиум, фосфор, калциум, магнезиум. Пепелта исто така ја намалува киселоста на почвата.

Покрај тоа, се појавуваат и некои сосема неочекувани можности: на пример, снег. Да, сосема обичен снег.

„Ве советувам да ги садите петуниите на снег, никнуваат 100%, така правам секоја година. Јас сум викендашка со искуство и не го следам лунарниот календар. Садам кога имам време и кога сум расположена, напиша една дама на форум. „Во картонска кутија од торта супувам земја до половина, додавам 3-4 см снег и го сипувам семето од петунија. Потоа ја покривам кутијата со фолија и ја ставам на даската на прозорецот. Кога ќе никнат, правам отвори за воздух на обвивката, а го отстранувам кога растенијата ќе зајакнат.

Ботаничарите го нарекуваат тоа стратификација или симулација на зимата, што помага семето побрзо да помине низ фазата на мирување и да никне кога е потребно.

Ефект на стаклена градина

Просто е невозможно да се замисли руска викендичка без пластеник. Во поголемиот дел на земјата климата не е поволна за одгледување растенија, па луѓето кои сакаат да одгледуваат зеленчук и цвеќе треба да имаат пластеник или стакленик со добра почва. Готовите модерни конструкции се прилично скапи и затоа често можете да видите импровизирани верзии. Снимките со совети за правење и одржување на пластеници собираат милиони прегледи и коментари.

Наједноставната верзија на пластеник е метална или дрвена рамка покриена со проѕирна фолија. Фолијата трае една сезона и се менува секоја година. Оние викендаши кои сакаат конструкцијата да им трае повеќе години, користат стакло или лексан плочи.

Меѓутоа, најпопуларниот тип на стакленик е конструкцијатта од стари прозорски рамки.

Тоа е многу практично, бидејќи прозорците веќе имаат стакло и отвори за вентилација. Еве како изгледа тоа:

Пред садењето, пластеникот или стакленикот треба да се измие со сапун и вода и добро да се исплакне, избегнувајќи ги вишокот хемикалии кои можат да навлезат во почвата.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња