Ана Шчербакова од тимот на Рускиот олимписки комитет го бакнува својот златен медал на церемонијата на доделување на наградите во уметничко лизгање за жени на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, петок, 18 февруари 2022 година.
Jae C. Hong/APРуските спортисти на Зимските олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари 2022 година) настапуваа како екипата на Рускиот олимписки комитет (РОК) и го зазедоа 9 место по бројот на златни медали. Тие освоија шест златни, 12 сребрени и 14 бронзени медали. Според вкупниот број освоени медали се на второто место со 32 медали (прва е Норвешка со 37 медали). Најмногу медали освоија во скијачко трчање и уметничко лизгање.
Златната медалистка Ана Шчербакова од тимот на Рускиот олимписки комитет позира со својот медал за време на церемонијата на доделување медали во поединечно лизгање за жени на 14-тиот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, 18 февруари 2022 година во Пекинг, Кина.
Sarah Stier/Getty ImagesАктуелната светска шампионка во уметничко лизгање, 17-годишната Ана Шчербакова, го освои олимпиското злато во женска поединечна конкуренција.
Пред почетокот на кратката програма ѝ се скршија лизгалките и итно мораше да искористи нов пар. Таа непријатна ситуација не ја спречи Шчербакова да покаже најдобар настап и успешно да изведе два четирискока. Благодарение на совршената техника и артизмот, таа стана најдобрата лизгачка на светот.
Сребрената медалистка Александра Трусова од тимот на Рускиот олимписки комитет позира со својот медал за време на церемонијата на доделување медали во поединечно лизгање за жени на 14-тиот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, 18 февруари 2022 година во Пекинг, Кина.
Sarah Stier/Getty ImagesТрусова го освои среброто во женска поединечна конкуренција, но нејзиниот настап беше окарактеризиран како еден од најтешките во уметничкото лизгање. Оваа 17-годишна спортистка во Пекинг 2022 година успешни изведе пет четирискока во една програма.
И покрај тоа, Трусова беше шокирана од фактот дека го освои второто место и по натпреварот дури изјави дека „го мрази уметничко лизгање“.
Камила Валиева од Рускиот олимписки комитет по објавениот резултат во слободно лизгање за жени на 13-от ден на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 во затворениот стадион Capital на 17 февруари 2022 во Пекинг, Кина.
Nikolay Muratkin/Anadolu Agency/Getty ImagesНајтешкиот момент на овие Зимски олимписки игри беше драмата поврзана со 15-годишната Камила Валиева.
Руските спортисти освоија злато во екипна конкуренција, но церемонијата на доделувањето на медалите беше одложена следниот ден поради, наводно, позитивниот допинг тест на Валиева. И покрај фактот дека правилата за антидопинг важат само за спортисти постари од 16 години, Меѓународниот олимписки комитет одлучи да не им доделува медали на руските спортисти додека не заврши истрагата. Во поединечна конкуренција Валиева го зазеде само 4 место.
Златниот медалист Александар Болшунов позира со својот медал на церемонијата на доделување медали во крос-кантри скијање за мажи на 50 км во слободен масовен старт за време на церемонијата на затворање на ЗОИ 2022 на Националниот стадион во Пекинг на 20 февруари 2022 година во Пекинг, Кина.
Wei Zheng/CHINASPORTS/VCG/Getty ImagesБолшунов е првиот скијач во историјата кој освоил пет медали на една зимска олимпијада. Тоа беше второ учество на 25-годишниот Александар на Олимписките игри. Во 2018 година освои еден бронзен и три сребрени медали, а билансот во Пекинг е три злата и две сребра, меѓу другите во екипен спринт и во скиатлон.
Болшунов е еден од најуспешните руски спортисти. Двапати го освои ФИС Светскиот куп во скијање и турнирот Tour de Ski.
Бронзените медалистки Јулија Ступак и Наталија Непрјаева од тимот на Рускиот олимписки комитет позираат со своите медали за време на церемонијата на доделување медали во екипен спринт во класичен стил на 13 ден од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, 17 февруари 2022, Жангјаку, Кина.
Lars Baron/Getty ImagesНепрјаева во Пекинг 2022 година освои сребро во скиатлон на 15 километри, злато во штафетата 4x5 километри и бронза во екипен спринт во класичен стил заедно со Јулија Ступак, Татјана Сорина и Вероника Степанова. Руската женска репрезентација првпат по 16 години победи во скијачката штафета на Олимпијадата.
Во спринтот во слободен стил Непраева ја напушти трката на осмиот километар. „Чувствуваше дека нема шанси да освои медал, па реши да се погрижи за своето здравје“, коментираше светскиот шампион во биатлон Александар Тихонов.
Ирма Махина, Данил Садреев, Ирина Авакумова и Евгениј Климов од тимот на Рускиот олимписки комитет го слават сребрениот медал во текот на церемонијата на доделување на награди и цвеќе во екипна конкуренција во мешан тим во Националниот центар за скијачки скокови на 7 февруари 2022, Жангјаку, Кина.
Cameron Spencer/Getty ImagesСки-скоковите ѝ донесоа на Русија сребрен медал во екипна конкуренција во мешан тим.
Мешаната дисциплина сама по себе е нова на Олимписките игри (претходно спортистите настапуваа само во машка или женска екипа), но Русите секогаш учествуваа во скијачките скокови, иако без забележителен успех. Така беше сé до Пекинг, кога го освоија првиот олимписки медал во оваа дисциплина по далечната 1968 година!
Сребрените медалисти Даниил Алдошкин, Сергеј Трофимов и Руслан Захаров од тимот на РОК позираат со своите медали за време на церемонијата на доделување медали во екипна трка во машка конкуренција на 11-тиот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, 15 февруари 2022 во Пекинг, Кина.
David Ramos/Getty ImagesРуските брзи лизгачи освоија бронза - првиот руски медал во екипна потера во машка конкуренција.
Патем, Захаров освои злато на Зимските олимписки игри 2014 година во брзо лизгање на кратки патеки.
Бронзениот медалист Виктор Вајлд од тимот на Рускиот олимписки комитет позира со својот медал за време на церемонијата на доделување медали во паралелен велеслалом за мажи на 4-от ден од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, 8 февруари 2022 година, Жангјаку, Кина
Maja Hitij/Getty ImagesОсвојувачот на златото од Сочи во 2014 година, американско-рускиот спортист Вик Вајлд, немаше позабележителни резултати во сноуборд во изминатите осум години. Но, во Пекинг 2022 година 35-годишниот Вајлд се најде на пиедесталот со бронзен медал во машкиот паралелен велеслалом, победувајќи го дури и трикратниот светски шампион Дмитриј Логинов. И тоа беше единствениот руски медал во сноуборд! Одличен резултат!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче