Снежна виулица на Сахалин ги натера Русите да се движат во колона по еден (ВИДЕО)

Иван Семјонов/TASS
На снимката се гледа како луѓето поради виулицата и силниот ветар се движат во колона по еден за да не се изгубат или пропаднат во снегот. Некои дури и ползат на колена за да не ги кутне ветрот. Поради временските услови видливоста е практично нула.

Во населбата Илинское на островот Сахалин е снимено видео во кое за време на силна снежна виулица жителите се движат во колона по еден.

На снимката се гледа како луѓето поради виулицата и силниот ветар се движат во колона по еден за да не се изгубат или пропаднат во снегот. Некои дури и ползат на колена за да не ги кутне ветрот. Поради временските услови видливоста е практично нула.

Исто така, на снимката може да се видат двајца луѓе кои ползат на колена за да не ги кутне ветрот. А уште еден жител на Сахалин се обидува да оди по улица, но паѓа во снег речиси до појас.  

Претходно раководителот на Хидрометеоролошкиот центар Роман Вилфанд изјави дека циклонот што беснее на Тихиот океан на Сахалин, Камчатка и Курилските острови ќе донесе ураган. Според него, на Сахалин брзината на ветрот ќе достигне 35 метри во секунда. „Тоа е ураган што урива сé“, рече метеорологот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња