Ова право треба да се внесе во документите при склучувањето на бракот, вели предлагачот од Јавната комора на Ленинградската област.
На мажите треба да им се дозволи по разводот да им го одземат на жените правото да го носат нивното презиме. Ваков предлог изнесе Владимир Петров, прв заменик-претседател на Јавната комора на Ленинградската област.
„На некои мажи им е непријатно кога жената продолжува да го носи нивното презиме и по разводот. Сметам дека треба да се предвиди практика на враќање на моминското презиме при развод на бракот. И да постои обврска за составување брачен договор во кој ќе биде наведен овој услов“, вели Петров.
Како што беше пишувано претходно, меѓу разведените жени повеќе од половина го иницирале разводот на бракот. Притоа за искуството на „вистинско непријателство“ спрема бившиот маж или жена зборуваат 23 отсто од мажите и 22 отсто од жените. Напнати односи, во ситуација кога понекогаш сепак мораат да се договара, признале 33 отсто од мажите и 34 отсто од жените. Пријателството по разводот успеале да го зачуваат 44 отсто од мажите и жените.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче