Петте најромантични градови според рангирањето се: Лондон, Париз, Барселона, Токио и Њујорк. Москва следи по Истанбул, кој е на седмата позиција, а е пред Дубаи, кој е деветти, се вели во соопштението.
Се наведува дека градовите се оценети според осум критериуми: број на ресторани, паркови, можности за заедничко поминување на времето, знаменитости, романтични хотели, спа-салони, како и бројот на фотографии со хаштагот на градот на „Инстаграм“ и бројот на објави на фотографии со зајдисонце.
Авторите на рејтингот укажуваат на големиот број паркови во Москва кои се идеални за романтични состаноци (ги има 262), и според тој критериум руската престолнина е на четвртото место.
„Според бројот на знаменитости Москва спаѓа меѓу трите лидери, а го зазема седмото место по бројот на хаштагови на социјалните мрежи. Имено, корисниците на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја поставија ознаката Москва под 60 милиони објави. Исто така, на руската престолнина ѝ помогна големиот број ресторани кои според податоците со кои располага WeThrift, во Москва ги има преку 560“, се наведува во материјалот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче