Русин го собори светскиот рекорд во непрекинат дрифт со „Лада 1600“ (ВИДЕО)

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Anton Belitsky/Global Look Press
Жителот на Екатеринбург Евгениј Новокшонов го собори светскиот рекорд во непрекинат дрифт, возење со бочно пролизгување со „Лада 1600“ (ВАЗ-2106). Рекордерот за 17 часа помина 440 километри.

Претходниот светски рекорд го постави американскиот инструктор по возење Јохан Шварц. Тој во 2018 година осум часа го возеше своето ВМW на споменатиот начин. Новокшонов тогаш дошол на идеја да го собори рекордот.

„Следејќи ги информациите за овој рекорд, помислив дека работата е суперлесно изводлива. Ќе успеам, сто посто. И успеав. Во текот на возењето чувствував големо задоволство. Сонцето ми светеше во очи, се радував што го правам она што толку многу го сакам“, изјави Новокшонов.

Тој го надмина рекордот на Шварц повеќе од двојно. Помина 440 километри по мразот на езерото Калди во Челјабинската област за 17 часа, без запирање. Автомобилот од домашно производство од 1996 година го користеше од принцип, во кабината на автомобилот имаше буре со 200 литри бензин за полнење на главниот резервоар.

„Ставив резервен вентил на бурето за гориво за да можам брзо да го затворам ако нешто се изаби во текот на возењето. Претходно направив најразлични тестови, за протекување и сл. Во зимскиот дрифт многу ретко се случува да се запали автомобилот. Во краен случај ќе успеав да излезам“, вели новиот рекордер.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња