Запознајте ја Јулија Канакина, една од најубавите учеснички на Олимпијадата 2022 година (ФОТОГРАФИИ)

@yulia.kanakina
Уште како дете Јулија сакала да стане балерина, но сепак се одлучила за скелетон и сега се надева дека ќе освои олимписки медал.

„Во мојот прв спуст на скелетон буквално врескав. Беше многу страшно, си помислив: „Ова е премногу! Никогаш повеќе, ни за жива глава!“- вака го опишува својот прв тренинг 26-годишната Јулија Канакина. Денес таа е првак на светот во женски скелетон во јуниорска категорија, а на Светското првенство 2021 година го освои среброто. Покрај тоа, Јулија е промотор на брендовите GANT и Reebok и на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) на Русија.

Каникина на „Инстаграм“ пишува дека е родена 1995 година во Краснојарск, во сиромашно семејство.

„Се случуваше да влеземе во продавница и мама вели: Ќеркички, денес ќе го земеме само она најнеопходното“. Јас разбирав сé и не барав ништо <...>. Па сепак, имав сé што му треба на дете, и за тоа е заслужна мајка ми, која секогаш ме штитеше и правеше сé што е во нејзина моќ да не чувствувам дека нешто ми недостасува“, се сеќава Јулија.

Канакина од детство се занимавала со балет, но често и се шинувале скочните зглобови, поради што и таа и нејзините родители стравувале за нејзиното здравје во иднина. Кога имала 14 години, во нејзиното училиште на час по физичко дошол тренер кој собирал екипа за скелетон за младинските олимписки игри. Го прашал учителот кое дете трча најбрзо, и тој ја повикал Јуља, позната по својата брзина.

Јуља на почетокот тренирала и балет и скелетон, но на крај му се посветила на скелетонот. Меѓутоа, балетското искуство ѝ пречело да се прилагоди на новиот спорт.

„Сите трчаа како луѓе, а јас грациозно на прсти. Тешко е веднаш да се навикнеш. Технички гледано, ништо не беше добро, сè одеше некако невешто и не изгледаше многу убаво. Во тоа време сè уште не бев целосно развиена во физичка смисла“, раскажа Јулија во интервју за „Спорт 24“.

Со текот на времето се навикнала. Во својата прва натпреварувачка сезона, 16-годишната Јулија Каникина го освои десеттото од единаесет можни места во квалификациите за младинските олимписки игри и 15-тото место во етапата на Европскиот куп во скелетон 2011 година. Веќе во 2017 година стана светска шампионка во јуниорска категорија.

Потоа, во 2018 година, Канакина го освои среброто на Светското јуниорско првенство. Германската натпреварувачка Ана Фернштет беше побрза од неа за само 0,81 секунди. Во етапата на Светскиот куп за сениори, Јулија го зазеде третото место во 2019 година, а во 2021 година второто место. Според неа, таа прави грешки на натпреварувањата само поради проблемите во сопствената глава.

„На тренинзите сè беше добро, но на натпреварите, поради некоја причина, секогаш нешто ќе испадне како што не треба. На пример, во спуст на тренинзите секогаш возев многу мазно и изедначено, а на натпреварите нешто чкрипеше. Сфатив дека проблемот е некаде во мојата глава и дека никој не е виновен што така поминав. <...> Понекогаш на тренинг ми се чини дека летам неверојатно брзо и помислувам дека сум го соборила светскиот рекорд. А на крај излегува дека тоа било бавно. И не ми е јасно зошто е тоа така“, раскажува руската спортистка.

Дури подоцна согледала дека е најважно „да си го фатиш својот ритам“ на натпреварувањата.

„Понекогаш во возењето навистина постигнувам брзо време, но на патеката ми се чини како да е забавена снимка. Тогаш целосно го доживувам секое свртување. Не се работи само да влезам и излезам, туку стигнувам и да го согледам и почувствувам тоа“, објаснува Канакина.

На Олимпијадата 2022 година во Пекинг Јулија настапува на 11 и 12 февруари. Во првиот спуст на тренингот го зазеде осмото место, во вториот десеттото, но не падна духом и очекува да освои медал.

„Сето тоа се грешки што ги правам на средината на патеката. Но, секој втор пат поминувам без грешка“, вели Канакина.

Во слободно време Јулија црта, учи англиски, оди на кино и со задоволство патува. Нејзини омилени книги се „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин, „Драги Џон“ од Николас Спарс и „Цвеќиња за Алџернон“ од Даниел Киз.

По завршувањето на спортската кариера, Канакина планира да се посвети на добротворна работа и да отвори прифатилиште за бездомни и напуштени животни.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња