Блескав почеток: Русија на Олимпијадата во Пекинг ги зазеде водечките позиции

Liu Xiao/Global Look Press
Многубројната руска репрезентација очекувано самоуверено ги започна својот настап на Олимпијадата во Пекинг. На првиот ден од доделувањето на медалите руските спортисти освоија две одличја, вториот ден три, а понеделникот започна со вистински празник благодарение на уметничкото лизгање, по што Русија изби на првата позиција во генералниот пласман.

5 февруари 2022 година на Олимписките игри во Пекинг беше првиот натпреварувачки ден. И првото доделување медали ѝ донесе голем успех на Русија! 26-годишната скијачка Наталија Непрјаева на својот тим ѝ донесе сребрен медал во скиатлон, пласирајќи се само зад феноменалната Норвежанка Тереза ​​Јохауг.

Истиот ден руските биатлонци Уљана Нигматулина, Кристина Разцова, Александар Логинов и Едуард Латипов го освоија третото место во мешаната штафета и ѝ донесоа на екипата бронза.

Триумфот на Русија во неделата беше крунисан со машкиот скиатлон. Александар Болшунов ја започна трката со пад, но на крајот ги престигна сите и стигна на целта минута пред второпласираниот! Денис Спицов исто така не избегна пад, но беше толку добар што заостана само зад Болшунов, што значи дека рускиот тим освои два медали, златен и сребрен.

На тој начин Русите сензационално ги потиснаа традиционалните фаворити во скијањето - Норвежаните. Затоа еден од најголемите медиуми во таа земја NRK објави сосема неспортска статија за тоа дека „Русите воопшто не треба да излегуваат на стартната линија на скиатлон“, а притисокот врз руските спортисти поради таканаречениот допинг-скандал сигурно ќе продолжи. Секако, за руските спортисти ова не е прво натпреварување кое се одржува во ваква атмосфера. Меѓутоа, ако тоа воопшто влијае на нивните резултати, тогаш само позитивно.

Пред самиот крај на неделата, руските навивачи ги израддува скијачката во слободен стил Анастасија Смирнова, која освои бронза во могул во женска конкуренција.

А утрото во понеделникот утро (по московско и европско време) Марк Кондратјук (машки поединечно уметничко лизгање), Анастасија Мишина и Александар Гаљамов (уметничко лизгање во двојки), Викторија Синицина и Никита Кацалапов (танцување на мраз) и Камила Валиева (женско индивидуално лизгање) освоија екипно злато. Камила Валиева стана првата лизгачка во историјата која направила четирискок на Олимписките игри.

Главните конкуренти на Русите, Американците, заостанаа дури 9 бодови, што е астрономска вредност во овој спорт. Триумфалната победа, толку својствена за Русите, но не помалку радосна, на тимот му го донесе првото место во генералниот пласман.

Во моментот на пишување овој текст Русија е на второто место по победата на Шведска во велеслалом.

За жал, не помина без скандал. Руските лизгачи на кратки патеки беа дисквалификувани во мешаната штафета бидејќи, според судиите, неправилно ја предавале штафетата. А натпреварот во женски хокеј меѓу репрезентациите на Русија и Канада започна со еден час доцнење. Канаѓанките најпрвин бараа итно да ги добијат на увид резултатите од утринскиот тест на Русинките за коронавирус (што беше невозможно, бидејќи организаторите го направија тестот претходната вечер), а потоа се согласија да играат, но само со медицински маски.

Тоа предизвика збунетост кај Русинките, па дури и кај странските спортски стручњаци, бидејќи на сите им е јасно колку е тешко да се натпреваруваш со маска во затворен простор. Почесниот претседател на Меѓународната хокеарска федерација Рене Фазел во разговор за „Спорт-Експрес“ остро реагираше: „Не можам да замислам дека е воопшто можно да се игра хокеј со медицински маски. Тоа нема никаква смисла, според мене“.

Како и на Летната олимпијада, Русија со одлука на Меѓународниот олимписки комитет се натпреварува под знамето на Рускиот олимписки комитет наместо националната тробојка, а на натпреварувачите им се доделуваат медали со звуците на Концертот за пијано бр. 1 на Петар Чајковски наместо националната химна. Секако, тоа е секогаш жално за спортистите кои се борат за својата земја. Но, резултатите зборуваат сами за себе: колку е поголем притисокот врз руските спортисти, толку е потешко да бидат победени, покажувајќи му на светот дека ниту еден скандал не може да го наруши овој спортски празник.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња