Рускиот риболовец Иљја Шчербович успеа да постави уште еден светски рекорд, пишува на сајтот на Меѓународната асоцијација за спортски риболов.
Шчербович во октомври 2021 година на реката Тугур во Хабаровскиот крај улови тајмен тежок 52,39 килограми. Да се избори со рибата му требаа 25 минути. Откако го измери и документираше уловот, тој го пушти тајменот повторно во реката. Во јануари 2022 година рекордот го регистрираше Меѓународната асоцијација за спортски риболов.
Иљја Шчербович, кој важи за еден од најбогатите луѓе во Русија, е претседател на инвестициската група UCP. Магазинот „Форбс“ во 2020 година го процени неговото богатство на 750 милиони долари. Забележа 18 светски рекорди во риболов од кои 12 се сé уште актуелни.
Шчербович претходно постави рекорд во ловење на езерска златовчица. Рибата тешка 11,67 килограми ја улови на Тајмир кон крајот на јули минатата година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче