Претседателот на Русија Владимир Путин го откри својот спортски интерес.
„Со големо задоволство учествувам во натпреварите на Ноќната хокеарска лига секогаш кога тоа ми го дозволуваат обврските. Исто така, секогаш кога имам можност одам на скијање. Меѓутоа, тоа не е сé кога е во прашање мојот спортски интерес. Ги сакам биатлонот и уметничкото лизгање во кои нашите спортисти се традиционално многу успешни. Ме интересираат и ски-скоковите. Вистина, поради недостиг на време, натпреварите ги следам само на телевизија“, рече претседателот на Руската Федерација во интервјуто за кинеската China Media Group, објавено на сајтот на Кремљ.
Путин, кој во пресрет на отворањето на Зимските олимписки игри пристигна во Кина, првенствено ќе ги следи настаните врз основа на написите во весниците, затоа што нема време за директните телевизиски преноси, напомна Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче