Обединетите нации ја прогласија Москва за најдобар мегалополис врз основа на параметрите „развеност на инфраструктурата“ и „квалитет на животот“, покажуваат прелиминарните податоци од ранг-листата на организацијата „Индекс на развиеноста на градовите“.
Податоците се објавени во рамките на програмата на ОН-Хабитат. Комплетната верзија ќе се појави на 31 март. Москва го зазема првото место според показателот на развиеност на инфраструктурата со 83,2 поени, додека Лондон има 75,9, а Париз 76,3.
Руската престолнина води и кога станува збор за квалитетот на животот: 68,3 во споредба со 61,59 на британската и 57,16 на француската престолнина.
Во вкупниот рејтинг Москва го зазеде третото место меѓу 29 мегаполиси во светот. Првото место му припадна на Сингапур, а второто на канадскиот град Торонто. Покрај наведените параметри, комисијата ги оценуваше и следниве: „еднаквост и интегрираност во животот на општеството“, „продуктивност на економијата“, „еколошка стабилност“ и „градска администрација и законодавство“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче