Во Ижми, село во Република Коми, за малку ќе настрадаше ирвас кој заглиби во кал и снег. Напомош му дојдоа тројца мажи кој случајно поминувале оттаму. Не можеа да го остават да умре и веднаш смислија план како да го спасат. Снимката со чудесното спасување ја објавија на интернет.
Селаните почнаа на смена да го расчистуваат снегот со лопата. Потоа животното го заврзаа околу трупот да не го однесе водата и го извлекоа за роговите.
„Ајде, помогни и ти малку“, го охрабрува ирвасот авторот на снимката..
Спасеното животно веднаш отрча кај својот другар, ирвасот кој го набљудуваше сето тоа отстрана и очекуваше ослободување.
„Браво, го дочека другарот. Интересни животни... Готово, се најдоа“, ги испратија спасителите ирвасите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче