Невремето што зафати многу реони на Краснодарскиот крај постави пред возачите на моторните возила тешки задачи. Патиштата се претворија во вистински лизгалишта. Мразот на патот беше причина за неколку десетици сообраќајни несреќи.
Корисниците на интернетот објавуваат снимки на кои може да се види како возачите губат контрола над возилата на подмрзнатите патишта. Сепак, одделни мајстори на возењето успеваат да се изборат со условите.
Некои возачи ги избегнуваат опасностите на импресивен начин. Таков е и херојот на оваа снимка.
Овие кадри кои ја замрзнуваат крвта во жилите се направена во Туапса. Искачувањето по ридот за возачот на автобусот се претвори во полигон со најтешките пречки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче