На аеродромот во Сочи авион не можеше да слета првиот пат поради силниот ветар на бурата. Неуспешното слетување е забележано на видеоснимката објавена на инстаграм-профилот @sochi__today, посветен на животот на овој туристички град.
На снимките објавени на интернет се гледа како авионот се доближува до земјата, но му пречат налетите на ветрот кои достигнуваат 30 метри во секунда. Откако речиси ја допира пистата, авионот повторно се крева и заминува да направи уште еден круг.
Опасното слетување ги импресионираше корисниците на интернетот. „Вистински професионалци, за инает на ветриштата!“, „Да се направи уште еден круг е вистинската одлука во ваква ситуација“, „Ми запре здивот. Секоја чест на пилотите кои во неколку секунди успеаја да ја донесат вистинската одлука“, запишаа тие.
Некои ги споделија своите емоции и доживувања после она што го видоа. „Тоа е морничаво“, „Јас да сум во тој авион би врескала од страв“, „Човек се здрвува од звукот на турбините“, пишуваат корисниците на интернетот.
Други оставаат иронични коментари. „Ако тоа го доживеете како неочекувана авантура, не е ништо особено“, „Летечка фабрика за производство на тули“, запишаа тие.
На 17 јануари властите на Сочи објавија вонредно предупредување поради силната бура. Спасувачите им препорачаа на жителите на градот и туристите да бидат внимателни кога излегуваат на улица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче