На овој календар за 2022 година руски балерини имитираат делови од приколки (ФОТОГРАФИИ)

Тим стручњаци од фабрика за машини пронајде убав (и тоа многу убав) начин да ги прикаже своите производи.

Фабриката за машини од Краснокамск во Пермскиот крај (1300 км од Москва – заб. на уред.), која ги произведува приколките „Експедиција“, издаде тематски календар за 2022 година.

За илустрирање беа ангажирани руски балерини кои настапуваат во стилот на модерната кореографија (контемпорари). Девојките во долна облека имитираат делови на приколките.

„Во положбата на телата на балерините на страниците на календарот со малку фантазија можат да се видат влечна руда во вид на буквата А, заден одбојник, подрамка, носачи на страниците (канатите) и други делови на автомобилските приколки „Експедиција“, објаснуваат авторите на календарот.

На секоја страница на календарот има QR код кој може да се скенира со мобилен телефон и упатува на сајтот со детален опис на деловите кои ги произведува фабриката, како и од што ги прави, која е дебелината на металот, итн.

„Би се рекло дека индустрискиот потенцијал на Пермскиот крај и балетската уметност немаат ништо заедничко и никаде не се пресекуваат, но и едното и другото се она по што нашиот регион се прослави во целиот свет. Идејата е реализирана благодарение на флексибилноста и силата на пермски балерини. Со своите тела тие успеаја да ги изразат својствата кои ги одликуваат нашите приколки“, вели директорот на Краснокамската фабрика Дмитриј Теплов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња