Бели мечки се вселија во напуштена метеоролошка станица на Чукотка (ФОТО)

Дмитриј Кох
Луѓето го напуштија ова место пред околу 30 години. Сега наместо научници тука повторно престојуваат диви животни.

Напуштената метеоролошка станица на островот Коључин во Чукотското море стана дом и игралиште на љубопитни бели мечки. Фасцинантните фотографии ги објави рускиот фотограф Дмитриј Кох.

Оваа фотографија на бели мечки на прозорец под назив „Одмор во викендичка“ неодамна беше прогласена за најдобра снимка на диви животни во човекова средина на натпреварот што го организираше National Geographic.

Островот Коључин се наоѓа на североистокот на Русија кај полуостровот Чукотка. Најблиската населба е само 14 километри подалеку преку водата, но девет месеци годишно морето околу островот е замрзнато.

На островот Коључин нема човечки населби (иако археолозите утврдија дека овие краишта биле населени пред 1500 години).

Во 1934 година научниците изградија поларна станица на Северниот морски пат. Таа беше активна до 1992 година. Островот тогаш беше напуштен.

Денес оваа напуштена станица и дрвените куќи на поларните истражувачи се главните атракции на островот.

Откако е затворена станицата, животните и птиците повторно го презедоа своето природно живеалиште. Понекогаш ги посетуваат научници и истражувачи, како и ретки туристи.

Освен бели мечки, ова место го населуваат и моржови и голем број арктички птици.

„Луѓето доаѓаат и си одат, но мечките секогаш ќе живеат овде“, коментираат луѓето на социјалните мрежи.

И на крај, белите мечки снимени од воздух.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња