Во Русија стапуваат на сила нови правила за престој на странци на привремена работа

Кирил Зиков/Агенција „Москва“
Сега е задолжителен психијатриски преглед, како и дактилоскопија и тест за COVID-19. Што уште предвидуваат новите правила за странци?

Што се случи?

На 29 декември во Русија стапи на сила одредбата  Министерството за здравство со која значително се менуваат правилата за лекарски преглед на странски државјани на привремена работа во Русија. Сега тоа е задолжителна процедура за мигрантите, така и за висококвалификуваните стручњаци и топ-менаџери на големите компании. Сега повнимателно ќе се следи нивната здравствена состојба, а на оние кои нема да ги испочитуваат сите процедури ќе им биде ускратена можноста да работат во Русија.

Меѓу другото, на пример, се воведе и задолжителен преглед кај нарколог, како и анализа на урина и крв, проверка за на полово преносливи болести и рендгенолошки преглед.

Новите правила веќе поттикнаа десет деловни здруженија, а меѓу нив и Трговската комора на САД и Асоцијацијата на европскиот бизнис да објават заедничко соопштение: „Одамна ниеден законски пропис не предизвикал бран на неразбирање, разочарување и негодување меѓу илјадници странски менаџери“, ја коментира ситуацијата претставникот на Управниот одбор на Руско-германската надворешнотрговска комора Матијас Шеп.

Што конкретно се промени?

  • Лекарскиот преглед сега меѓу другото опфаќа и рендген на граден кош, анализа на урина и крв за присуство на наркотични и психотропни супстанци.
  • Странците ќе бидат прегледани од нарколог, психијатар, инфектолог, физијатар и дерматовенеролог.
  • Од нив ќе се бара задолжително да дадат биометриски податоци и отпечатоци од прсти.
  • Покрај тестирањето за ХИВ, неопходно е да се проверат и следните инфективни болести од списокот на опасни заболувања: туберкулоза, сифилис, лепра и новата коронавирусна инфекција COVID-19.
  • На странец му се даваат 30 дена од моментот на влегување во Русија да ги изврши лекарскиот преглед и сите испитувања.
  • Комплетен преглед засега може да се направи само во Мултифункционалниот миграциски центар (ММЦ) Сахарово во Москва. Во Санкт Петербург со ова се занимава Единствениот медицински центар во улицата „Красни Текстиљшчик“. За податоците за сите други градови треба посебно да се распрашате. Сите документи странскиот државјанин може да ги поднесе само лично.
  • Според текстот на овој пропис, странец може да го изврши прегледот во секоја установа која има лиценца за медицинска дејност, но секако мора да посебно оди во диспанзерите за туберкулоза и наркологија, а резултатите мора да ги однесе лично во ММЦ Сахарово.
  • Сертификатот добиен врз основа на сите испитувања важи три месеци.

Дали тоа значи дека на секои три месеци треба повторно да се оди на сите испитувања?

Првично токму ова барање толку многу ги вознемири странските граѓани и предизвика бурни реакции кај деловните здруженија. Меѓутоа, подоцна Министерството за здравство на РФ ја разјасни ситуацијата. Имено, три месеци е рокот во кој странецот треба да ги достави документите за лекарски преглед во МВР на Русија. Не е неопходно на секои три месеци да се повторува целата постапка. „[Овие рокови] во никој случај не значат дека е неопходно да се врши лекарски преглед еднаш на секои три месеци“, соопшти информативната служба на Министерството.

Но, од Министерството за здравство не објаснуваат во кои случаи е потребно повторување на лекарскиот преглед и испитувањата и дали оваа процедура подразбира некаква периодичност.

На кого се однесуваат новите правила?

Правилата важат за сите странци кои работат во Русија, како и за членовите на нивните семејства кои се постари од седум години. Исклучок се државјаните на Белорусија, како и сите оние кои имаат дозвола за престој или дозвола за привремен престој.

Што ќе се случи ако странецот не го направи прегледот или ако при прегледот се утврди дека е болен?

Во прописот тоа е објаснето вака: „Во случај на позитивен резултат од испитување или доколку не е извршено испитување, сертификатот не се издава“. А отсуството на сертификат е основа за депортирање на странец од државата или скратување на неговиот престој во државата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња