Како еден Русин прави огромни цртежи во снег (ФОТО)

Leonid Valitov
Леонид Валитов од уралскиот град Екатеринбург често ги изненадува соседи со своите цртежи во снегот. Зошто ги прави?

Кога прави слика, Леонид Валитов се буди во 4-5 часот наутро. Зиме утринската темнина ја поминува цртајќи во снегот четири часа. Наместо четкички користи лопата, а наместо платна лизгалиштето во дворот на својата зграда во Екатеринбург.

Понекогаш соседите гледаат само слатко маче и натпис „Добро утро“.

Или цртеж на мала жирафа.

Жителите на околните згради исто така се разнежнуваат кога ќе ги дочека слика на мал мамут и зборови од советски цртан филм за мамут што се загубил и трпеливо ги чека мама и тато.

„Најпрвин ги правам контурите на цртежот, а потоа го чистам снегот од мразот со помош на мојот алат кој е некој вид на тесна лопата“, вели Леонид.

Уметникот може да работи само кога ноќе паѓа снег и градските служби не успеале да го исчистат лизгалиштето. За жал, делото во кое вложува толку труд исчезнува до крајот на денот кога лизгалиштето е конечно исчистено.

Меѓутоа, Леонид веќе има околу илјада следбеници на „Инстаграм“, како свои соседи, така и други жители на Екатеринбург. Тие му се благодарни за работите, сакаат да му се придружат и да го набљудуваат креативниот процес или да бараат да ги повтори своите работи на други места во градот.

Леонид, исто така, навива и за локалниот хокеарски тим. Тој прикажа еден играч со натпис „Автомобилист, напред!“

Алудирајќи на пандемијата на ковид со слика со необичен лик, тој напиша: „2020, можеби е доста?“

Ова се останатите работи на Леонид. Неговата уметност не е само забавна. Тој често се занимава со еколошки прашања и заштита на животните и околината. На овој цртеж натписот гласи: „Слобода за делфините!“

Леонид всушност работи како масер и не е професионален уметник. Тој е и веган и ги охрабрува луѓето да прејдат на овој начин на живот, како и да почнат да се грижат за своето здравје.

Освен тоа, Леонид предлага да се намали сообраќајот и да се помине на велосипеди, за да може дворот да стане зелена површина, без паркирани автомобили и издувни гасови.

Понекогаш излегува од својот двор и црта на замрзнатото езеро. Овие работи имаат шанса да опстанат подолго од еден ден.

Леонид исто така има уште еден начин да ја покаже својата креативност: преку GPS-цртежи. На површината на замрзнатото езеро нацрта делфини трчајќи со пријател.

А едно лето кога немаше снег... Леонид на мапата на градот означи едно животно... и бараше од следбениците да погодат за кое животно станува збор.  

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња