Московјаните генерално немаат навика без некоја посебна причина да одат на Црвениот плоштад или да шетаат во центарот на градот. Многу почесто брзаат по работа, само патем регистрирајќи колку е убав градот. Меѓутоа, ситуацијата радикално се менува во пресрет на Новата година, кога и туристите (годинава ги има помалку) и староседелците, без оглед на временските услови, бескрајно талкаат низ сосема поинаквата Москва.
Кејовите на реката Москва се украсени со чаши шампањ. Така што и да заглавите во новогодишниот сообраќаен метеж, ќе биде порелаксирано.
На влезот во паркот „Горки“ се наоѓа цела шума накитени елки.
Светкави стебла никнаа низ цел град.
На булеварите се поставени најразлични лакови и висечко осветлување. Булеварот „Тверски“ стана ЛЕД-тунел.
Во цел град се поставени огромни бројки 2022. Нулата е згодна за фотографирање. На плоштадите и парковите во цела Москва има пунктови на фестивалот „Патување во Божик“.
Прекрасно накитени новогодишни елки, сувенирници со топли ракавици со еден прст и предмети од руската народна ракотворба, лизгалишта и бесплатни рингишпили.
За селфи и
„Инстаграм“ материјал има во изобилство.
Овде можете да се почувствувате како лик од „Оревокршачка“ која благодарение на Петар Илич Чајковски стана главната главната новогодишна бајка. А може да се сретне и рускиот Дедо Мраз.
Украсните венци на елката на „Манежниот“ плоштад се надвиваат над минувачите во пречник од десетина метри, можете да замислите колку подароци собира под нејзините гранки.
Плоштадот пред театарот Бољшој традиционално е украсен со огромен новогодишен лампион.
А стоковната куќа ЦУМ стана еден од џиновските подароци, врзана со лента со машничка.
Најбогато украсениот новогодишен панаѓур традиционално се наоѓа на Црвениот плоштад.
Десетици шатори со празнични сувенири, варено вино, руска брза храна, крофни, медени колачиња и, се разбира, лизгалиште.
На забавата и подароците за деца им нема крај. Ништо помалку интересно не е ниту за возрасните.
Кога ќе се повозите на рингишпил со поглед на Кремљ, ако не во пресрет на Нова година.
На влезот во паркот „Горки“ е поставена ваква бајковита конструкција.
Општо земено, панаѓурот на Црвениот плоштад е неизбежен.
На новогодишниот дизајн големо внимание посветува и трговскиот центар ГУМ (Државниот универзален магазин). Оние кои ќе наминат да се загреат во ГУМ ќе имаат што да се изнагледаат.
И на крај, но не и најмалку важно, главната новогодишна елка во земјата, поставена во Кремљ, плени со својата убавина. Станува збор за вистинска елка, исечена на 16 декември и доставена на специјален камион. Нејзиниот избор почна уште летоска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче