Турчин висок два и пол метри ја бара жената на својот живот во Москва

Gary Lee/Global Look Press
„Кога Русинка сака, тогаш тоа е засекогаш“, тврди 39-годишниот Турчин Султан Кесен, највисокиот човек на светот (2,51 м), кој дојде во Москва да си бара жена.

Султан е висок два метри и 51 сантиметар. Овој маж почнал брзо да расте во пубертет. На 15-годишна возраст, Кесен имал операција за запирање на абнормалниот развој, но таа помогнала само делумно. Тој нагласува дека високиот раст носи некои непријатности, но генерално веќе се навикнал на својот изглед.

Во емисија на рускиот „Прв канал“, Турчинот рече „дека кога Русинката сака, тогаш тоа е засекогаш“. Како што рече, тоа го слушнал од пријател. „Таа треба да има светла коса и кожа. Слушнав дека Русинките сакаат страсни мажи, но тие мора да бидат љубезни“, објасни Кесен.

Турчинот веќе бил оженет со жена висока 175 сантиметри, но неодамна се развел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња