Обично мачките сакаат да се искачуваат на височинки, каде што се чувствуваат побезбедно и имаат подобар поглед на околината. Во таа смисла, снежниот леопард ги надминува другите мачки. Оваа прекрасна дамчеста мачка избра да живее во карпестите планини во Средна и Централна Азија. Се среќава од 1500 до 6000 метри надморска височина во планините Тјен Шан, Памир, Хималаите.
Во Русија, снежниот леопард го населува јужниот дел на Сибир, планините на Источен Сајан и Алтај. Ги има само неколку илјади во светот и секаде се заштитен вид.
Бидејќи нивните живеалишта се тешко достапни, малку се знае за снежните леопарди. Една од загатките е поврзана со нивната опашка. На фотографиите од природните резервати и зоолошките градини оваа дива мачка често може да се види со опашката меѓу забите.
Снежниот леопард не е многу големо животно. Долг е помалку од еден метар и тежи околу 50 килограми. Помал од леопардот, многу помал од тигарот, па дури и малку помал од шумскиот рис. Но, тоа е така ако не се смета опашката, која е навистина величествена: масивна, пуфнаста и долга колку телото. Најдолгата опашка во светот на мачките! А не му треба заради убавина, туку заради опстанок. За да скока и трча по карпите, треба да одржува добра рамнотежа, а за тоа му помага токму опашката.
Само погледнете како снежниот леопард го брка својот плен по камените карпи! Не ни гледа каде гази.
Во моментите на одмор, како и обичната мачка, снежниот леопард се склопчува и ја зема својата мека опашка в уста. Една од причините е да се загрее. Во планините е мошне студено, и иако снежниот леопард зиме добива топло густо крзно, сепак му е потопло со меката опашка. Женките ги покриваат и новородените младенчиња со опашката за да ги заштитат од студот.
Понекогаш снежните леопарди ја носат опашката в заби и додека одат. Станува збор за тоа дека е доста тешка и мачката се изморува од одење.
Опашка не им служи само како покривка и за балансирање. Женката ја користи својата опашка за да ги научи своите мачиња ловечки вештини. Го користат и во игра. Кога на снежниот леопард му е здодевно, може да се забавува бркајќи ја својата или туѓа опашка. Покрај тоа, тие сакаат да се валкаат в снег и да се спуштаат по падини.
Снежните леопарди генерално се многу разиграни животни и камерите во резерватите често снимаат сцени на млади леопарди кои си играат напаѓајќи се едни со други во неочекувани моменти. Како, на пример, овие млади снежни леопарди во Сајано-Шушенскиот резерват:
Интересно е што снежните леопарди не можат да испуштаат гласни звуци, туку само предат, како домашните мачки. Слушнете како звучи тоа:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче