Реставраторка од Ермитаж во фустан на Романови пронајде бонбона стара 100 години - и ја лизна!

Russia beyond; Public domain
Реставраторка во музејот во Санкт Петербург ја шокираше Русија со своето откритие: се покажа дека чудното мало парче што го најде во фустан е всушност омилената бонбона на Романови.

Во 1903 година семејството Романови ја прослави 300-годишнината од својата династија. По тој повод во Зимскиот дворец беше организиран голем маскенбал. Тема беше облеката на руските цареви и благородници од XVII век. Ова се фотографии од тој величествен настан. Прекрасните одори на учесниците на балот го инспирираа изгледот на картите за играње во руски стил.

Денес овие костими се чуваат во музејот Ермитаж. Неодамна вработените во Лабораторијата за научна реставрација на ткаенини почнаа да работат на еден фустан. Но, пронајода нешто неочекувано.

Фустанот на сестрата на Николај II Ксенија бил во одлична состојба, потребни биле само неколку конци за да се поправи.

„Навикнати сме да го проверуваме секој шев, раб и набор на фустанот, бидејќи обично тука се собира прашина или ткаенината се аби“, вели Галина Фјодорова од Ермитаж во видеото што музејот го објави на својот канал на „Инстаграм“.

Еден ракав бил сошиен поради некоја причина, но шевот бил прилично слаб и реставраторката решила да го отстрани конецот... Тогаш нешто розово ѝ паднало на дланката, како некакво каменче.

„Поради некоја причина веројатно проработе некој стар инстинкт, го лизнав тоа парче и се покажа дека е слатко“, изјави вработената во музејот.

Станува збор за бонбона од почетокот на XX век што великата кнегиња ја гризнала. Веројатно немала каде да ја стави бонбоната, па само ја сокрила во ракавот на фустанот.  

Бонбоната е направена од шеќерна паста. Можете ли да замислите колку квалитетни биле царските бонбони (и фустани) кога таа преживеала повеќе од сто години? На неа не влијаеле ни бактериите ни мувлата. Големото откритие ќе биде сочувано и изложено со фустанот. И веќе никој нема да го лижне!

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња