Во јануари годинава лекарите на девојчето му поставиле тешка дијагноза. Тања ја сака уметноста и мечтаеше за тоа да го гледа балетот „Лебедово езеро“ во Мариинскиот театар.
„Влегувавме во воз кога ни јавија дека желбата ќе ни биде исполнета. Искрено кажано, од радост дури не можевме ниту да поверуваме дека тоа е вистина. Со оглед на тоа што има многу пријавени дури не ни претпоставувавме оти од сите ќе биде избрана нашата. Голема благодарност до сите“, рече мајката на девојчето Љубов Ивановна, чии зборови се пренесуваат во соопштението за печатот.
По планираното лекување, кога на 13 декември дошле во градот, за семејството била организирана обиколка на Санкт Петербург во вечерните часови со запирање кај главните знаменитости на градот. Пред претставата Тања го обиколила театарот: ѝ го покажале просторот зад сцената во старата и во новата зграда на театарот, како и некои апарати, сценографии и кројачницата.
На 15 декември за време на обиколката на Ермитаж на Тања ѝ се јавил рускиот претседател. Девојчето зборувало за своите впечатоци, за балетот и за средбата со уметниците.
Од 2018 година Путин го поддржува проектот „Сонувај со мене“ и акцијата „Елка на желбите“, при што исполнува девет желби на деца со сериозни заболувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче