Во соопштението објавено на сајтот на организацијата се наведува дека последните две години биле невообичаено топли не само на Арктикот. Забележани се највисоки температури во текот целата историја на мерењето на Антарктикот, а можеби и во Европа и во целиот свет.
Летото 2020 година во поларниот дел на Сибир во текот на неколку недели температурата била за околу 10 степени повисока од климатската норма. Ова предизвика катастрофални пожари и забрзано топење на арктичкиот мраз во регионот. Максимални вредности се забележани на метеоролошката станица за време на продолжениот топлотен бран.
„Овој нов арктички рекорд, забележан во Архивата на временските и на екстремните климатски појави на Светската метеоролошка организација е еден од показателите кои предизвикуваат загриженост во поглед на климатските промени“, изјави генералниот секретар на организацијата професорот Петрит Талас, а се наведува во соопштението за новинарите.
Тој додаде и дека во 2020 година е забележан и нов рекорд од +18,3 степени според Целзиус на Антарктикот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче