Сликата е симболична.
Министерство за одбрана на Русија/Global Look Press„Имајќи на располагање ограничено време, капетанот на воздухопловот, постариот поручник Максим Кабаков, правилно го оцени случувањето, го извести раководството за вонредната состојба во воздухот и за тоа дека е подготвен да изврши принудно слетување надвор од аеродромот на теренот што го избрал од воздухот“, соопшти рускиот воен ресор.
Сè се случичо во Псковската област. Авионот изведувал планирани школско-тренажни летови, а војниците вежбале десант. По полетувањето од аеродромот Крести на над 100 метри височина, авионот ја загубил влечната сила на моторот. Тогаш авионот со падобранците престанал да се крева и почнал да ја губи брзината.
Кога добил дозвола, пилотот го приземјил неисправниот авион на земја. Никој од оние кои биле во авионот не е повреден. По техничкиот преглед и поправката авионот ќе продолжи да се користи. Постариот поручник Кабаков ќе биде награден.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче