Бајкалско езеро
Legion MediaНа тој начин National Geographic сака да им го сврти вниманието на патниците врз прекрасните и необични места во Русија. Според претставникот на организацијата, инсталацијата ги инспирира луѓето да патуваат повеќе и да ја ценат убавината на опкружувањето.
Како што се соопштува, рамките се поставени во Мамисонската клисура во Северна Осетија, на планините Бермамит и Муса Ачитара (Карачаево-Черкесија), во мермерниот кањон Рускеала и музејот-резерват Кижи (Карелија), во Териберка (полуостровот Кола), напуштеното село Гамсутл, караулите на селото Гоор и на видиковецот во близина на селото Харачи (Дагестан), во арт-паркот Никола Лениевец (Калушка област) и во музејот-резерват Дивногорје (Воронешка област).
Обележани се и дестинации на Камчатка, Бајкал, на Краснаја полјана, во Санкт Петербург, Казањ, Виборг и во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче