„Внуково“ е првиот руски аеродром што го доби ова престижно признание последнава деценија.
Аеродромот е издвоен поради безбедноста на транспортот, повторното воспоставување на линии и развој на рути во тешкиот период за авиосообраќајот во текот на пандемијата на COVID-19.
„Им благодарам на патниците, кои нé избраа за нивните патувања и ги препознаа сите напори што аеродромот ги вложи за да постигне високо ниво на безбедност и удобност. Ние се стремиме да ги задоволиме очекувањата на нашите клиенти и го цениме нивното мислење. Од почетокот на 2020 година аеродромот учествува во програмата ASQ Departure, дури и за време на ограничен авиопревоз, за што го доби светското признание на ACI World’s Voice of the Customer. Им благодарам на авиокомпаниите за заедничката работа и стабилниот развој, насочен кон надминување на предизвиците на денешницата“, рече на доделувањето на наградите заменик-генералниот директор за комерцијалниот сектор на Меѓународниот аеродром „Внуково“ Антон Кузнецов.
И покрај пандемијата, аеродромот во 2021 година ја прошири својата мрежа на летови во домашниот и меѓународниот сообраќај. За 10 месеци превезе над 15 милиони патници. Во времето пред короната аеродромот опслужуваше околу 24 милиони патници годишно.
Наградите ACI EUROPE Best Airport Awards 2021 е една од најпрестижните во индустријата за авиосообраќај. Победниците ги избираат експерти, меѓу кои се и претставници на Европската комисија и Европската конференција за цивилно воздухопловство.
Аеродромите се оценуваат врз основа на критериуми како услуга, безбедност, екологија, малопродажба на нивната територија итн. Наградата се доделува 17-та година по ред.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче