Во Белград наскоро ќе биде отворено претставништво на руското Министерство за одбрана

REUTERS/Марко Ѓурица
Министерот за внатрешни работи на Србија ја истакна позитивната динамика на воената соработка меѓу Москва и Белград.

Во најскоро време во Белград ќе биде отворено претставништво на рускиот воен ресор, рече министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин на преговорите со министерот за одбрана на Русија   Сергеј Шојгу во Москва.

„Што се однесува до претставништвото на Министерството за одбрана на Русија: договорот го потпишавме и набргу очекуваме отворање на претставништвото. Тоа се веќе технички прашања“, рече Вулин.

Тој исто така ја истакна позитивната динамика на воената соработка меѓу Русија и Србија. „Одржуваме заеднички вежби и навистина сум горд што бев мал дел од оваа огромна работа“, рече Вулин.

Зборувајќи за динамиката на развојот на односите меѓу Русија и Србија,  тој го потенцираше личниот придонес на Шојгу во овој процес. „Без твоето лично залагање ништо од сево ова немаше да има. Јас и сега сакам искрено да ти се заблагодарам“, додаде министерот за внатрешни работи на Србија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња