Путин испрати телеграма со сочувство до Пендаровски

kremlin.ru
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски по повод сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија, а во која загинаа македонски државјани.

Во телеграмата, објавена на официјалната веб-страница на Кремљ, се вели:

Почитуван господин Претседател,

примете длабоко сочувство во врска со загинувањето на граѓаните на вашата земја, вклучително на децата и тинејџерите, како резултат на сообраќајната несреќа во Бугарија.

Ве замолувам да им пренесете зборови на искрено сочувство и поддршка на семејствата и блиските на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите настрадани.

Со почит,

Владимир Путин

Утрото на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Република Бугарија се случи сообраќајна несреќа во која загинаа 45 луѓе, меѓу кои 12 деца. Македонски автобус се запали на враќање од Истанбул. Од вкупно 52 патници во автобусот, преживеаја само седуммина патници, кои се во болница во Софија.

Во Македонија е прогласена тридневна жалост.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња