Русинка со три деца прогласена за најубавата омажена жена на светот (ФОТО)

davydova_govorit
Русинката Ксенија Давидова победи на меѓународниот избор за Mrs. Top of the World 2021 и на тој начин стана најубавата омажена жена на светот.

Жирито оцени дека оваа мајка на три деца е поубава од кандидатките од Велика Британија, Летонија, Кипар, Аруба, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Ерменија, пренесува РИА „Новости“.

Давидова е по струка стручњак за односи со јавноста. Води активен општествен живот, меѓу другото, има организирано хуманитарен проект за помош на семејства со деца во тешка животна ситуација. Освен тоа, таа е промотор на рускиот проект „Создавање задоволителна градска средина“, посветен на уредувањето на Санкт Петербург. 

Според Давидова, на изборот за мис учествувала затоа што сакала да ја претставува Русија во хуманитарни и еколошки проекти на меѓународно ниво.

Минатата година Ксенија Вербицкаја, 43-годишна мајка од Санкт Петербург, лекар по струка, победи на изборот за „Mrs. Universe – 2020“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња