Мачор роден за време на Елцин влезе во Книгата на рекорди на Русија

av1/Global Look Press
Сијамски мачор од Тјумењ, стар преку 20 години, влезе во Книгата на рекорди на Русија.

Сијамскиот мачор од градот Тјумењ по име Дашун влезе во Книгата на рекорди на Русија, соопшти неговата сопственичка Елвира Чаниева, пренесува порталот 72.ru.

Мачорот победи во категоријата „Најстара сијамска мачка во Русија“. Неговата сопственичка го набавила 1997 година, во времето додека претседател беше Борис Елцин. „Соседот ги изнесе мачињата во гаража. Не сакаше да ги чува дома. Ми беше жал. Беше толку сладок. Се сеќавам дека син ми тогаш имаше една година, а роден е 1996 година. Сега Дашун живее заедно со своите деца кај нас. Имаме вкупно пет мачки“, рече Чаниева.  

Мачорот е роден зимата 1997 година, но во анкетата е наведено дека сега има 21 година и 9 месеци. „Решив да испратам пријава за да дознам дали има уште толку стари мачки. Така ние и нашиот Дашун се најдовме во Книгата на рекорди“, рече сопственичката.

Во мај 2016 година во американската држава Тексас умре најстариот познат мачор на светот, 30-годишниот сијамски мачор Скутер. Роден е на 26 март 1986 година и оттогаш живееше со својата газдарица Гејл Флојд.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња