Крадци ѝ ги вратија украдените медали на олимписка шампионка со букет цвеќе и бомбониера

Роман Денисов/Global Look Press
Признанијата во кутија бонбони ги донел курир. Тенисерката не се надевала дека медалите ќе ѝ бидат вратени.

Крадците кои од куќата на руската тенисерка Елена Веснина ги однесоа олимписките медали и шампионскиот прстен ѝ ги вратија на спортистката украдените награди заедно со букет цвеќе и кутија бонбони. Весњина го напиша ова на својот профил на „Инстаграм“.

„Крадците ги вратија медалите. Сторителите ги подметнаа медалите... Медалите, се разбира, ги однесоа оперативците веднаш на биолошка експертиза, па не ги видов следните неколку недели“, рече Веснина.

Медалите, како што рече таа, биле вратени на многу необичен начин. Доцна навечер, курирот ѝ донела на спортистката букет цвеќе и кутија чоколадни бонбони во која се наоѓале украдените медали и прстенот на олимписки шампион. „Романтични разбојници“, додава Веснина.

Тенисерката призна дека не се надевала дека медалите ќе ѝ бидат вратени и дека тоа што се случило за неа било изненадување. Како што рече таа, полицијата трага по сторителите. „Се трудам да не мислам на тоа, животот продолжува, а јас сум сигурна дека доброто сепак ќе победи“, напиша таа.

Тенисерката на 12 септември објави дека е украдена. Крадците влегле во нејзината куќа во Подмосковје додека Веснина и нејзиниот сопруг биле отсутни. Кога се вратиле, ги немало ниту златните ниту сребрените медали. Крадците го отвориле и сефот и украле скапоцености. Алармот не бил вклучен. Кражбата била пријавена во полиција. Како што рече Веснина, медалите биле во спортска торба, бидејќи ги носела во клубот за да им го покаже одличјата на децата, па не биле вратени во сефот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња