Резултатите од анализата покажаа дека на прво место избил зборот „спутник“, во текот на оваа година деветпати почесто користен од претходно. Зборот „спутник“ е нераскинливо поврзан за називот на руската вакцина. Почестата употреба е условена од широкото разгледување на теми поврзани со вакцинација и признавањето на вакцината во странство, велат од Институтот.
На второто место по популарност е зборот „Авганистан“. Тој е 6,5 пати почесто употребуван во разгледувањата на ситуацијата во таа земја. На синтагмата „Северен тек“, петпати почесто употребувана оваа година, ѝ припадна третото место. На четвртото место се наоѓа зборот „попис“, а на петтото „импичмент“. Порасна и употребата на зборовите „QR код“, „антивакцинаш“ и „антиваксер“.
Според Оксфордскиот речник, годината ја одбележа зборот „vax”.
Минатата година според институтот „Пушкин“ тоа беа зборовите „самоизолација“ и „анулирање“. Оксфордскиот речник не можеше да избере еден збор и состави список на најчесто употребуваните. Во речникот влегоа „шумски пожари“, „импичмент“, „коронавирус“ и „COVID-19“, „локдаун“, „белоруски“ и др.
Според речникот Collins, во 2020 година зборот на годината бил „локдаун“. Составувачите на американскиот речник Merriam-Webster во годината што си заминува „титулата“ му ја доделија на зборот „пандемија“ (pandemic). Според верзијата на руски „Јандек“, зборови на годината се „карантин“, „пропусница“ и „устав“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче