ПОГЛЕД: Московјанин си ако...

Legion Media
Московските снобови се шегуваат дека главниот проблем на Москва е во тоа што таа е од сите страни опкружена со Русија. Луѓето од другите градови мислат дека цела Русија ја храни Москва, а московјаните често ги доживуваат како арогантни луѓе кои возат исклучиво „Мајбах“, а за појадок јадат црн кавијар и пијат шампањско. Дали животот овде е навистина подобар и по што московјаните се разликуваат од жителите на другите руски градови? Московјанката Јулија состави листа „Московјанин си ако…“

Москва никогаш не спие, Москва не им верува на солзите, Москва е држава во држава, најголемиот град во Европа во кој луѓе од цела Русија и поранешните републики на СССР пристигнуваат во потрага по подобар живот. А какви се московјаните?

Значи, ти си московјанин ако:

1. Ако поминуваш 200 часа годишно во сообраќаен метеж.

2. Ако како дете си го поминувал секое лето во викендичка во Подмосковје.

3. Ако не знаеш како ти се викаат соседите ниту пак се поздравуваш со нив.

4. Ако се гледаш со пријателите еднаш годишно, а со роднините само на свадби и погреби.

5. Ако јадеш леб без глутен, колачиња без шеќер, пиеш млеко без лактоза и кафе без кофеин. Барем дел од горенаведеното.

6. Ако се правиш дека си интелектуалец, а последен пат си бил во музеј, театар или библиотека во 3-то одделение во основно училиште.

7. Ако брзаш на воз во метрото иако знаеш дека следниот ќе пристигне за 60 секунди.

8. Ако никогаш не шеташ по Арбат затоа што мислиш дека тоа е улица само за туристи.

9. Ако не возиш кола кога ќе се напиеш нешто. Ниту едно мало пиво.

10. Ако си уморен, ненаспан и смотан и разговараш за тоа со сите.

11. Ако не носиш штикли или тренерки кога си во град.

12. Ако не пиеш вода од чешма.

13. Ако во кој било друг град имаш чувство дека сите одат побавно од тебе.

14. Ако не познаваш никого што вози „Лада“.

15. Ако не ти се допаѓа споменикот на Петар Велики на брегот на реката Москва.

16. Ако си горд што Пушкин, Лермонтов и Достоевски се родени во Москва.

17. Ако имаш барем една јакна од јапонскиот бренд Uniqlo.

18. Ако за Москва кажеш дека „не е од гума“ и дека не можат баш сите да живеат тука.

19. Ако наместо Парадата на 9 мај ги гледаш пробите за Парадата, затоа што нема толку гужва.

20. Ако сметаш дека Санкт Петербург е поубав од Москва, но не би сакал да живееш таму.

Што друго би додале? И кој е вашиот резултат? Мислам дека сум вистинска московјанка со 18 од 20 поени. А вие?

Доколку сакате повеќе информации за Москва и московјаните, Русија и Русите низ очите на домаќин и професионален туристички водич кој работи со балкански туристи, одете на инстаграм-профилот на авторот на овој текст - ВОДИЧ.КРОЗ.МОСКВУ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња