Кон крајот на ноември на аеродром во Москва се отвора бутик за спортска облека Putin Team Russia

putinteam.russia
Брендот руска спортска облека Putin Team Russia ќе отвори продавница за зоната за полетување на московскиот аеродром Шереметјево (од каде полетуваат и авионите за Скопје).

Исто така се планира отворање на локали на аеродромите во другите градови на Русија. Ова се наведува во соопштението на рускиот  дизајнер Дмитриј Шишкин, автор на брендот.

„Договорот со московскиот аеродром Шереметјево е потпишан, изградбата на павилјонот веќе почна. Првата продавница Putin team Russia ќе ги дочека патниците на летовите од терминалот В кон крајот на ноември“, се наведува во соопштението.  

Во соопштението исто така се наведува дека на отворањето на продавницата ќе бидат повикани руски ѕвезди од спортот и шоу-бизнисот. Во текот на следните неколку месеци е планирано отворање на продавници на аеродромите на уште најмалку три руски града: Санкт Петербург, Казањ и Екатеринбург. Во зоните на полетување патниците ќе можат да ги видат, меѓу другото, и извозните колекции на овој руски бренд.

Проектот од почетната идеја до реализација го надгледува Министерството за индустрија и трговија на Русија. Пролетта 2021 година спортските тренерки на марката Putin Team Russia од страна на надлежната организација „Руски систем за квалитет“ добија Ознака за квалитет заедно со тренерки на светски познати производители.

Инаку, колекцијата облека Putin Team опфаќа спортска облека, вклучувајќи и опрема за скијање, и облека за активен одмор. Сите модели се дизајнирани и произведени во првата дигитализирана фабрика за облека во Русија „Shishkin“ на дизајнерот Дмитриј Шишкин во Екатеринбург. Ланското лето на советувањето посветено на развојот на руската лесна индустрија Шишкин му предложи на Владимир Путин да направи за него личен комплет облека под брендот Putin team, на што шефот на руската држава се согласи и набрзо доби комплет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња