На почетокот на 2021 година на „ТикТок“ и други социјални мрежи беше објавен извадок од интервјуто на 43-годишниот Хо Сон Те од корејската серија „Играта „Лигња“ на „Нетфликс“.
Во серијата, тој е играчот бр. 101, гангстерот по име Чан Док Су, кој изгубил огромна сума пари во казино и се задолжил кај лихвари. Актерот исклучително убедливо игра негативец кој е подготвен заради добивка да ги доведе другите играчи во опасност. Но, во видеото, тој признава на руски јазик дека не е толку лоша личност во животот.
„Дозволете ми да се претставам, јас сум Хо Сон Те, корејски актер. Не сум толку лош човек. Не плашете се од мене, јас не нанесувам зло на луѓето“, вели тој.
@tnfvrs сонтхэ самая сладкая булочка на свете💕🥺🤲🏼 ##heosungtae##허성태##squidgame##игравкальмара##fyp##fypシ##рек
♬ original sound - Yo
Пред актерската кариера, Хо Сон Те студирал руски јазик и култура на Националниот универзитет во Бусан. Работел и во одделението за маркетинг на компанијата LG Electronics, каде бил одговорен за продажба на телевизори во руската канцеларија на компанијата, пишува весникот Today.
Во телевизиското шоу „Среќни заедно“ (Happy Together) актерот изјави дека на работа го добил прекарот „крал на продажбата на телевизори во Русија“, бидејќи тој бил одговорен за испорака на сите телевизори LG на московските хотели.
The Divine Move 2: The Wrathful
Khan Lee/Azim Film, 2019Тој, исто така, зборува руски и во корејската серија Beyond Evil, па дури и на својот Инстаграм профил објави пародија на Squid Game на руски.
Тоа не е сé кога се во прашање врските на овој актер со Русија. Фановите најдоа на неговиот профил на „Инстаграм“ објава со шише вотка „Бајкал“ и натпис „Еднаш годишно ми недостасува Русија“.
Руските фанови во коментарите напишаа: „Наш човек“, „Едноставно најдобриот“, „Ние сме Руси, со нас е Со Хон Те“ и почнаа да го канат на гости.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче