Вкупно 28 падобранци кои во Сочи скокнаа од најдолгиот во Русија висечки пешачки мост SkyBridge поставија светски рекорд, пренесува порталот ГТРК Вести Сочи.
Овој рекорд е забележан на Фестивалот на бејс џампинг што во Сочи се одржа од 8 до 10 октомври. Вкупно 65 спортисти од различни руски региони, како и еден од Велика Британија, учествуваа во манифестацијата. Во текот на трите дена на фестивалот тие изведоа повеќе од 800 скока.
Фестивалот на бејс џампинг се одржува осми пат по ред. Учесниците скокаат од мостот SkyBridge што се наоѓа на висина од 207 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче