Кога Павел од Москва излезе на сцената на шоуто „Америка има талент“ летото 2021 година, тој рече дека ќе настапува сам, без неговата сопруга, која, за жал, задоцнила на авион. Оваа информација малку ги разочара судиите, но Павел бараше да му дадат шанса да настапи сам. Ги изненади со куклен танц! На прв поглед изгледа како да танцува еден пар, но тоа всушност е само Павел.
„Не лажеше кога рече дека е забавувач. Толку добро се забавував. Не сакав да престане“, коментираа гледачите.
Еден гледач рече дека тоа е „еден од најоригиналните и најзабавните настапи во американското шоу откако почнало да се прикажува“.
Овие четири девојки од Бурјатија изведоа фасцинантна акробатска точка во шоуто „Британија има талент“ во 2017 година. Групата Angara Contortion настапува и за Cirque du Soleil и е многу популарна во својата земја. Нивната неверојатна флексибилност им пркоси на законите на физиката!
Дали некогаш сте слушнале јакутска етно музика? Олена Уутај претстави вистинска етно-музика од најстуденото место на планетата во „Британија има талент“ во 2018 година и ги освои жирито и публиката! Таа изведува звуци од природата, од цврцорење на птиците до ’ржење на коњи на модерен ритам. Звучи фасцинантно.
Танцовата група ЈУДИ (акроним од имињата Јуриј, Денис и Игор кои ја сочинуваат основата на тимот) од Томск во Сибир беа финалисти на многу меѓународни натпревари за таленти, вклучувајќи ги Русија, Украина, Велика Британија и Израел. Во шоуто „Америка има талент“ во 2018 година тие изведоа светлосен танц што ја раскажува приказната за судирот помеѓу светлината и темнината.
Судиите на шоуто „Британија има талент“ во 2019 година имаа потешкотии да го изговорат неговото име, но на гледачите им се допадна неговиот неверојатен глас. Генадиј Ткаченко-Папиш е руски музичар кој учествуваше на натпревари за таленти низ целиот свет и ја освои „златната зузулка“ во Германија и Грузија. Неговиот глас потсетува на ехо во планините во комбинација со фолклорни мелодии.
„Се наежувам секогаш кога ќе го слушнам“, коментираа гледачите.
Еден гледач го опиша неговиот настап како „чиста инспирација на универзумот“. А како ви се чини вам?
Данил Калуцких и Валентин Четверкин го изведуваат најпознатото акробатско шоу во Русија. Тие се европски и светски шампиони во гимнастика и учесници на меѓународни циркуски фестивали. Погледнете ја нивната точка во шоуто „Британија има талент“ од 2019 година!
Екатерина Шеленова е професионална оперска пејачка. Родена во Калининград, денес живее во Милано и дава часови по класична и современа музика. Во 2021 година таа се испроба во „Италија има талент“ и судиите беа импресионирани од нејзиниот глас. Таа изведе сопствена импровизација базирана на далекуисточниот фолклор.
„Од првите моменти се најдов вруг универзум“, коментираше еден гледач.
Дијана Ведјашкина од Санкт Петербург не пееше ниту танцуваше, туку изведе точка со своите мали миленичиња, пет јазовичари. Видеото собра милион прегледи на „Јутјуб“! Луѓето кои се занимавале со овој вид кучиња знаат дека е многу тешко да ги дресираш. Но, таа успеа со пет кученца истовремено.
„Ако може пет јазовичари да научи да ги прават овие работи, може да научи и крокодил да пее“, напиша еден корисник на „Јутјуб“.
Можете ли да замислите дека овој човек со толку прекрасен оперски глас работи како чувар во магацин на фабрика за алкохолни пијалоци? Алексеј Гусев од Русија живее во Глазгов и одлучи да го покаже својот талент во шоуто „Британија има талент“ во 2020 година.
Танцовата група од чеченски момчиња под називот „Ловзар“ настапи во шоуто „Полска има талент“ во 2017 година. Овој ритмички традиционален танц „лезгинка“ е всушност многу напорен и бара многу енергија. Погледнете ги нивните движења! Првокласно!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче