„Мислам дека сонувам“: Руска актерка пристигна на Меѓународната вселенска станица

Роскосмос/Global Look Press
Руската актерка Јулија Пересиљд, која заедно со другите членови на екипажот на бродот „Сојуз МС-19“ пристигна на Меѓународната вселенска станица, раскажа како го доживеа летот.

„За нас денеска сé беше ново. Секои десет секунди носеа нешто свое, ново. Штотуку се сретнавме со сите кои овде, на МВС, се наоѓаат одамна. Сега ќе се запознаеме. И понатаму мислам дека сонувам“, рече актерката.

Режисерот Клим Шипенко, кој исто така се наоѓа на МВС, додаде дека сé што се случило било за нив „пријатен шок“.

„Мислам дека со тек на време ќе станеме свесни каде се наоѓаме“, напиша тој.

На 5 октомври ракетата „Сојуз-2.1а“ со бродот „Сојуз МС-19“, во кој се наоѓаа актерката Јулија Пересиљд и режисерот Клим Шипенко, полета од платформата „Восток“ на космодромот „Бајконур“.

Бродот не успеа автоматски да се спои со МВС, така што спојувањето  во рачен режим го изврши капетанот на бродот Антон Шкаплеров.

Околу 18:00 по московско време екипажот пристигна на Меѓународната вселенска станица, каде актерката и режисерот ќе снимат сцени за играниот филм „Предизвик“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња