Фјодор Емелјаненко за можноста да се бори против својот брат

Дмитриј Голубович/Global Look Press
Нема шанси да биде организиран меч во кој ќе се борам против брат ми, категоричен е Фјодор.

Рускиот мајстор на мешовити боречки вештини (ММА) Фјодор Емелјаненко изјави дека нема шанси да се организира меч во кој ќе се бори против својот брат Александар Емелјаненко, пренесува рускиот портал „Спорт-Експрес“.

Потенцирајќи дека таквата можност е еднаква на нула, славниот спортист додаде: „Таков меч во принцип не можеше да се одржи, а нема ни во иднина. Мислам дека е многу глупаво да се занимаваме со таа тема“.

Емелјаненко постариот вчера објасни дека конфликтот со неговиот помал брат датира од 2006 година. Тој го критикуваше Александар за учество во борбите против непрофесионални спортисти.

Фјодор Емелјаненко оствари 39 победи и доживеа шест порази, додека една борба беше прогласена за неважечка. Александар Емелјаненко на 36 мечеви забележа 28 победи и 8 порази.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња