Жителка на административниот центар на Алтајскиот крај и големиот индустриски и културен центар на Сибир стана мајка додека беше во кома.
Според Наталија Ломакова, таа била примена во болница во 28 недела од бременоста со дијагностицирана заразна болест Ковид-19 и стопроцентно воспаление на белите дробови, при што почнале да откажуваат одделни органи. „Се сеќавам само како ме донесоа на интензивна нега и потоа ништо повеќе, мрак“, изјави Наталија.
Лекари направиле царски рез, а во текот на породувањето таа била приклучена на апарат за вештачка вентилација на белите дробови. Детето е родено со тешко воспаление на двете белодробни крила и тежина од 1,1 килограми. Бебето е згрижено на одделението за интензивна нега во Перинаталниот центар.
Кога се освестила, Наталија Ломакова не можела да поверува дека станала мајка. По комата морала повторно да учи да оди. Во моментов мајката и детето се пуштени од болница и се чувствуваат добро.
Покрај Русинката која имала среќа да ја преживее опасната болест и роди дете, нешто ѝ се случи во пандемијата на една жена во Унгарија, која пак роди ќеркичка и за тоа дозна кога излегла од вештачка кома, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче