Николај Власов од Екатеринбург шие торби со детски цртежи за да им помогне на децата со посебни потреби. Парите што ги добива од продажбата на торбите пензионерот ги праќа на фондацијата „Децата на Русија“. Приказната за него е објавена на порталот „Моменти“.
Хуманитарниот проект „Благошопер“ го смисли неговата внука Ана. Тоа била домашна задача на час во московско училиште. „Се решивме да шиеме торби со цртежи на деца со посебни потреби. За лекување се потребни милиони. А од каде им на родителите пари? Ана реши барем малку да помогне“, ја објасни ветеранот смислата на овој проект.
Досега Власов направил веќе 105 ленени торби. На секоја е нанесен цртеж што го направиле деца со пречки во развојот.
98-годишниот ветеран 1945 година стигнал до Берлин, каде научил да шие. По војната на војниците им било дозволено да патуваат по земјата. Според Власов, материјал немало речиси никаде, војниците оделе во износена облека. Униформите биле преполни со закрпи и шевови. Сé морале да шијат сами. Потоа ветеранот почнал да шие за Полјаците. „Си мислев, ќе си дојдам дома, ќе се оженам и ќе ја научам жената да шие. Така и бидна. Таа беше првата кројачка во градот“, вели пензионерот.
Власов не шиел само за себе и за семејството. Поминал 50 години во лесната индустрија, примал нарачки за дома, ја учел жената и роднините да шијат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче